Премиера на „Малата Сирена" во Прилеп

Во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков"  воПрилеп во недела на 2 декември, премиерно ќе биде изведна новата претстава, сценско-музичкиот перформанс за млади „Малата Сирена" на танцовото студио „Зодијак".

Според Кире Младеноски од танцовото студио „Зодијак", предизвик биле адаптацијата на познатата бајка која е атрактивна за младата публика.

-Детскиот мјузикл е исполнет со безброј певливи песнички и колоритни костими и кореографија. Претставата ја работевме долго и за мене, како автор на куклите, костимите и на дел од сценографијата е големо задоволството што ќе прикажеме целосен сценско-музички перформанс. Ова е наша втора претстава која ја работиме како театар за деца и младинци, рече Младеноски.

Претставата е финасиски помогната со средства од Министерството за култура од националната програма за овааа година, како и со дел од средствата на локалната самоуправа на Прилеп. Учиилиштето за театар „Чин 4 Сцена 5" се погрижи за постпродукцијата на овој музичко-сценски спектакл, како и за светло-дизајнот и дизајнот на рекламниот материјал.

За актерот во претставата „Малата Сирена", Марија Костоска големи се предизвикот и искуството.

-Ова ми е прво искуство во вакви музички претстави. Не ми е прво искуство на сцената, но е голем предизвик. Имаме одлична соработка со учесниците и се трудиме да го совладаме сценскиот изглед, рече Костоска. /МИА

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

 Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Јакимовски: Османи ни пропагира политика на жирафа

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски за неговиот против кандидат Бујар Османи вели дека тој во кампањата пропагира политика на жирафа.

-Не можам да го слушнам Бујар Османи во кампањата да каже нешто за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните во Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа: Жирафата млекото да дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, истакна Јакимовски.

притисни ентер