Шок во утринска програма – познат водител и гостин во страстен бакнеж (ВИДЕО)

Познатиот телевизиски водител Пирс Морган (53) во британската утринска програма го бакна во уста пејачот Питер Андре (45) пред изненадената публика и гледачите.

Во утринската програма "Good Morning Britain"познатиот водител Пирс Морган со неговиот гостин , пејачот Питер Андре разговараа за бакнежот во уста на славниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата седум годишна ќерка , објавен на Инстаграм.

Водителот го праша познатиот пејач дали е нормално да се бакнуваат децата во уста без оглед на нивната возраст.

,, Ги бакнував кога децата ми беа навистина мали , а сега не би ги бакнувал , иако го разбирам Бекам и го оправдувам .” На ваквиот одговор , познатиот британски водител наеднаш стана и го бакна во уста пејачот.

,, Ова беше загрижувачки добро! “ , искоментира водителот на што Питер му возврати ,, Имаш многу меки усни!”

Полска тврди дека НАТО прави планови за соборување на руски проектили

НАТО ги разгледува плановите за соборување руски ракети доколку се приближат до границите на алијансата, тврди Полска, откако проектил залутал во нејзиниот воздушен простор.

Анджеј Шејна, заменик-министер за надворешни работи на Полска, изјави за локална радио станица дека „различни концепти се анализираат во рамките на НАТО... вклучително и соборување на такви проектили кога тие се многу блиску до границата на Алијансата“,пишува Телеграф.

„Но, тоа би морало да се случи со согласност на украинската страна и земајќи ги предвид меѓународните последици“, додаде тој.

Во неделата вечерта, Варшава соопшти дека руската крстосувачка ракета истрелана на цел во западна Украина поминала околу 1,6 километри во полскиот воздушен простор, поминувајќи 39 секунди.

Полското Министерство за одбрана ги активираше системите за противвоздушна одбрана и борбените авиони на НАТО, Ф-16 откако објектот залута преку границата на Алијансата во близина на Осердово, село во земјоделски регион во близина на границата со Украина.

Крстосувачките проектили можат да ја променат својата траекторија во воздух за да избегнат одбранбени системи.

Владислав Косинијак-Камис, полскиот министер за одбрана, подоцна им изјави на новинарите дека проектилот би бил соборен доколку имало знаци дека се движи кон цел во Полска.

Една од опциите за одбрана е да се соборат ракетите пред да преминат од Украина во воздушниот простор на НАТО. Сепак, ова може да го искористи Москва како оправдување за ескалација во поширок конфликт надвор од границите на Украина.

Претходните лансирања на руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО останаа без одговор, и покрај сугестиите дека членот 5 на алијансата за взаемна одбрана може да биде активиран како одговор на таков инцидент.

Во вторникот САД објавија дека се подготвени да ги исполнат обврските кон НАТО и да ја бранат Алијансата во случај на напад.

Запрашана за изјавите на Полска, Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, рече: „Она што го зборуваше администрацијата е дека ќе ја браниме секоја педа од НАТО“.

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

притисни ентер