„Ние ги охрабруваме нашите европски сојузници да се осврнат на тоа како би можеле додатните санкции да се спроведат“ – изјавил Курт Волкер во Берлин, пренесува „Ројтерс“.
Според неговите зборови, во овој момент тоа не е нешто што Германија и Франција го разгледуваат, но тие работи би можеле да се развијат со тек на време.
Неколку високорангирани европските политичари вчера изјавија дека постои можност за воведување на нови санкции против Русија за дај а казнат поради заплената на трите украински брода.