Аднан Ќахил разрешен од матичната партија Движење на Турците

Аднан Ќахил и уште пет- шест мина, меѓу кои негови братучеди, се исклучени од партијата за движење на Турците, која тој ја раководеше до ноември минатата година, кога на конгрес за нов претседател беше избран пратеникот Енес Ибрахим.

Покрај исклучувањето од партијата, се бара од премиерот Заев да го разреши Ќахил од позицијата на министер без ресор за странски инвестиции а тоа очекуваат да се случи на првата наредна собраниска седница, по саботната за уставните измени.

Во партиското соопштение стои дека одлуката била природен епилог по непринципиелното делување на Ќахил кој со неетички и недемократски пристап го нарушувал угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува.

Претседателот Ибрахим не сакаше да говори пред камера но во телефонски контакт за Канал 5 вели дека расколот кулминирал во септември кога Ќахил и луѓе блиски до него извршиле насилен упад прво на 13 –ти на состанок во скопската организација а ден потоа и во општинската организација во Кичево со барање да биле вратени печатите од партијата а настаните потсетувале како упадот во собрание на 27-ми април.

На 16-ти септември, на митингот за референдумот на владејачката коалиција луѓе блиски до Ќахил,физички нападнале и му се заканувале на член на извршниот одбор.

Овој случај бил пријавен во полиција и имало сведоци за тоа вели Ибрахим, за разлика од упадите во општинските организации на ПДТ кои не ги пријавиле во МВР но повеле внатрепартиска дисциплинска постапка. Неетичкиот и недемократски однос на Ќахил најмногу се поврзувал со односот кон домашни и фирми со меѓународен капитал како што објаснува Ибрахим, бил подолго време предупредуван за овие афери како што вели, но работите дошле до таму, што наместо разврска, тој сега се соочувал со закани за лична ликвидација. Како овие наводи ги коментира министерот без ресор Ќахил.

Ќахил вели за исклучувањето дознал од медиумите, најавувајќи судска разврска на случајот, бидејќи неговиот наследник не работел според статутот на партијата која тој ја формирал и на која на последниот конгрес пред една година бил избран за почесен претседател,нешто што Ибрахим го негира бидејќи ваква титула не постоела во партискиот статут.

Премиерот е известен за се вели Ибрахим,кој е пратеник од парламентарното мнозинство.

Аднан Ќахил пак беше пратеник од партијата периодот 2002-ра –2006-та година а едно време беше министер без ресор и во владата на Никола Груевски.

Ѓорчев на Конкордија самитот, обраќање од Џил Бајден и градоначалникот на Њујорк

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев присуствуваше на Конкордија самитот во Њујорк, како најголем спореден настан со Генералното Собрание на ОН.

Самитот го отвори градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, а се обратија првата дама на САД Џил Бајден и гувернерката на Њујорк Кејти Хохул.

Првата дама Џил Бајден во свието обраќање се осврна на прашањата за децата и младите, образованието, ХИВ позитивните, ранетите воени ветерани, бегалците и помошта за сиромашните, нагласувајќи дека САД и претседателот Џо Бајден остануваат ангажирани и посветени на овие теми.

Ѓорчев се сретна со Марк Грин, директор на Вудро Вилсон Центарот, кој претходно беше конгресмен од Висконсин и претседател на ИРИ.

На Конкордија самитот Ѓорчев оствари средба и со Линда Томас Гринфилд, амбасадор на САД во Обединетите нации (ОН), која во своето обраќање зборуваше за улогата на САД во светот и глобалните процеси.

Ѓорчев на средбите ги информираше соговорниците за состојбите во Македонија, нагласувајќи дека е важно Македонија да има свои пријатели и партнери во светот.

Конкордија самитот е најголем спореден настан за време на Генералното Собрание на ОН, а оваа година се обратија Тони Блер, Жозе Мануел Баросо, принцезата Ранија, Колинда Грабар Китаровиќ и други.

Програмски партнери на самитот се Стејт департментот, градот Њујорк, УНИЦЕФ, Гугл, Сименс, Волмарт, Мекдоналдс, Фејсбук, Мајкрософт и други.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кузеска: Парламентарното мнозинство е стабилно, Владата е фокусирана на кризата

 Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на кризата, изјави денеска портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска за МИА.

-Тоа се внатрепартиски работи, се изјасни вчера претседателот на партијата, јас не би го коментирала. Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на економската и енергетската криза, како и на скрининг процесот кој веќе тече, вели Кузеска повторувајќи го ставот на партијата по информациите за случувањата во нивниот коалициски партнер ДУИ.

Претходно денеска за информациите поврзани со ДУИ на прес-конференција одговори на новинарско прашање и министерот за надворешни работи Бујар Османи, потеницирајќи дека лажна вест е информацијата за негова смена и дека таа не заслужува никаков коментар.

Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.

– Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг во МНР.

Прашан за тоа дали внатрепартиските превирања ќе влијаат на стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.

– ДУИ е стабилна политичка структура, не очекуваме никаков понатамошен развој на настаните, додаде Османи.

Дваесетина незадоволни членови на ДУИ, меѓу кои и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Висат Ганиу, во отворено писмо побараа внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикаат лидерот на партијата Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство. За состојбите во партијата тие го обвинуваат Артан Груби.

Ѓорѓиевски: Детската градинка „Пеперутка 3” во Драчево е отворена, ќе се згрижат над 100 дечиња

Отворена е новата градинка „Пеперутка 3” во Драчево.

Низ детска насмевка, многу радост и весела приредба организирана од овие паметни дечиња, денес заедно со министерката Тренчевска ја отворивме новата детска градинка ,,Пеперутка 3” во населбата Драчево.

Во оваа градинка ќе бидат згрижени над 100 дечиња, пред сѐ од овој дел на општината.

Ние сме свесни дека раниот детски развој е многу важен и како локална самоуправа се грижиме да ги обезбедиме сите услови за правилен понатамошен развој на секое дете.

Инвестираме во унапредувањето на условите во постоечките градинки, но со засилено темпо работиме и на зголемувањето на опфатот на деца во процесот на предучилишно воспитание и образование.

Покрај ставањето во функција на оваа градинка која беше изградена пред речиси две години, но дури сега беа надминати администативните бариери за нејзино отворање, интензивно работиме и на изградба на нови градинки и проширување на капацитетите на постојните објекти.

Во финална фаза е подготовка на објектот во кој ќе биде отворена првата градинка во Усје.

Тука ќе бидат згрижени околу 100 дечиња од населбите Усје, Стаклара и Градинар.

Работиме на проширување на капацитетот и на градинката ,,Ѓурѓица” во Пинтија.

Веќе е започнато реновирањето и на објектот ,,Кокиче”, каде ќе може да примиме нови 150 дечиња, а ќе потсетам дека веќе го проширивме капацитетот и на објектот ,,Синоличка” од ЈДГ ,,Весели Цветови”.

Дека грижата за раниот детски развој е наш приоритет, говори и фактот што имаме подготвен проект за целосно нова градинка во Расадник и во моментов работиме на финансиската конструкција, односно на начинот на финансирање за нејзината иградба.

Со тој проект, на среден рок целосно го решаваме прашањето за предучилишната инфраструктура.

Илустративно, објектот во кој сме денес може да прими над 100 дечиња, а во моментов на листите на чекање во трите објекти во Драчево има околу 30 деца.

Оттука, сакам искрено да се заблагодарам за соработката на министерката Јована Тренчевска, Министерството за труд и социјална политика, со кои заеднички го ставаме во функција овој објект и даваме силен влог во формирањето на здрави и образовани индивидуи кои во иднина ќе дадат свој придонес за надградба на државата.

Тоа е наша заедничка одговорност и благородна цел кон која сите треба да се движиме.

На овие прекрасни дечиња кои тука ќе го минуваат своето секојдневие им посакувам многу пријатни и весели моменти!

притисни ентер