Русија пред нови построги санкции?

По инцидентот во Керченскиот теснец Европа можеби ќе мора да воведе построги санкции кон Русија, изјави денеска член на Христијанско-демократската унија на Германија и член на германскиот парламентарен одбор за надворешни работи Норберт Ретген.

- Според мене, такво однесување не може да помине без последици и не мислам дека некој би требало да каже дека нема да има понатамошни санкции, рече Ретген.

Тој истакна дека за сега нема разговори за построги санкции, но и оти тој „не би отфрлил таква можност“.

Во меѓувреме руската федерална служба за безбедност соопшти дека инцидентот се случил откако украинските бродови нелегално влегле во територијалните води, игнорирајќи ги предупредувањата да запрат, и спроведувале опасни маневри кај полуостровот Крим.

Според ФСБ, украинските пловила, два артилериски брода и еден „тегнач“, се обиделе нелегално да го поминат Керчанскиот теснец и од Црно море да влезат во Азовско море.

По нив, според ФСБ, биле испратени повеќе руски бродови, кои биле принудени да употребат оружје за да ги запрат украинските бродови.

Во инцидентот се ранети тројца украински морнари, а крајбрежната стража на ФСБ ги запленила украинските бродови.

Студено утро, преку ден умерено до значително облачно

Наутро студено, преку ден умерено до значително облачно.

Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје, утрото ќе биде студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Како што информира УХМР, утре претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег. Во следните два дена, времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.

Дневен хороскоп за 12. февруари 2025 година

Дневен хороскоп за среда, 12. февруари 2025 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа.

Кариера

За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо , поефикасно и попрецизно.

Здравје и совет

Наспијте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашиот личен живот се развива добро , а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување.

Кариера

Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем.

Здравје и совет

Вие сте во експанзија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Одлично ќе се снаоѓате во личните односи , зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите.

Кариера

Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска.

Здравје и совет

Разгледајте ги внимателно сите опции.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Од идеја до реализација има долг пат , а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е.

Кариера

Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот.

Здравје и совет

Издвојте го важното од купот небитни работи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вас како ништо да не може да ве запре во забавите . Сепак , дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството.

Кариера

Работата денеска ќе се одвиува вообичаено , а вам ќе ви биде помалку здодевно.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност.

Кариера

Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив.

Здравје и совет

Ви треба повеќе сон.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите.

Кариера

Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем.

Здравје и совет

Немојте да се опијаните.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден.

Кариера

Ќе има многу приказни и озборувања , а вие бидете паметни и не им придавајте на значење.Имате многу работа.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава.Односите и натаму ќе бидат површни.

Кариера

Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата.

Здравје и совет

Бидете јасни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце , но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас.

Кариера

Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа . Ќе има причина за насмевки.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекуцања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста.

Кариера

Денеска ќе работите без никаков притисок , опуштено и со желба.Работите ќе се нижат самите од себе.

Здравје и совет

Следете го ритамот на денот.

притисни ентер