Советот за безбедност го одби предлогот за Русија за итна седница

Советот за безбедност на Обединетите нации го одби предлогот на Русија за свикување на итна седница на ова тело на светската организација посветена на вчерашниот инцидент во Керченскиот теснец.

За рускиот предлог гласаа четири членки на Советот за безбедност, седум беа против, а останатите четири беа воздржани.

Руската армија вчера отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот теснец.

По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Украина ја обвини Русија за „воена агресија” и прогласи воена состојба, која ќе биде на сила наредните 30 дена.

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во Македонија

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во земјава, на кој ќе се дискутира и за улогата на високото образование во обликувањето на иднината во оваа област ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Настанот е во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Мицкоски во посета на општина Кавадарци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе го посети селото Дабниште, каде се врши реконструкција на фекална канализација, потоа ќе направи увид во реконструкцијата на пристапниот пат од село Ресава до викенд населбата Косовец покрај Тиквешкото езеро и ќе ја пушти во употреба спортската сала во село Возарци./МИА

Специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш во посета на Собранието

Собранието денеска ќе го посети специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Франгеш ќе се сретна со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

притисни ентер