Украина воведува воена состојба, Советот за безбедност свика седница

Русија  повторно го отвори Керчкиот теснец крај Крим за пловидба од раните утрински часови откако руските бродови во неделата отворија оган и запленија три украински воени пловила.

Русија повторно го отвори Керчкиот теснец крај Крим за пловидба од раните утрински часови откако руските бродови во неделата отворија оган и запленија три украински воени пловила во обидот да навлезат во руските територијални води, но тоа не ги намали тензиите меѓу Русија и Украина.

Настанот Москва го карактеризираше како повторена и смислена провокација, а инцидентот предизвика опасност од поширок судир меѓу двете земји. Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок .

„Закажан е вонреден состанок на Советот за безбедност“, напиша американската амбасадорка Ники Хејли на Твитер, шерувајќи претходен твит од Нолан Петерсон, дописник што долго време известува за настаните во Украина.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска го нарече инцидентот „јасна провокација“. Тој тврди дека Украина прекршила низа клучни меѓународни договори според кои „сите држави треба да го почитуваат суверенитетот на другите“.

,,Нема сомнежи дека е направено намерно и под директна наредба на раководството“

Инцидентот се случи кога неколку украински бродови пловеа меѓу две украински пристаништа, од Одеса во Црно Море до Мариупол во Азовско Море. Киев вели дека однапред ја известил Москва дека бродови на неговата морнарица ќе патуваат низ Керченскиот теснец, единствениот воден пат што ги поврзува овие две пристаништа.

Според техничките правила, пловилата што минуваат низ тесниот комплексен теснец треба да контактираат со Керченското пристаниште, да ја пријават својата рута и да добијат дозвола за пловење низ теснецот.

Москва негира дека добила какво било предупредување, што ја принудило руската војска да употреби оружје за да ги запре пловните објекти. Трите украински брода на крај беа запленети и довлечени во Керченското пристаниште, според руската служба за безбедност ФСБ.

Поради ситуацијата во Керченскиот Теснец, претседателот на земјата Петро Порошенко дека на Парламентот ќе му предложи воведување воена состојба ,тоа ќе значи и ограничување на граѓанските слободи и поголеми овластувања на државните институции.

Пред рускиот конзулат во Харков група демонстранти запалија факели во знак на протест за запленувањето на бродовите. При што дојде до мал пожар во дворот на конзулатот

Руската федерална служба за безбедност потврди дека нејзините бродови заплениле три украински брода на граничната патрола во Црното Море кај Крим, а користеле и оружје за да ги принудат да запрат.

Во инцидентот беа повредени тројца украински војници, кои добија лекарска помош – соопшти ФСБ. Според „Ројтерс“, нивните животи не биле загрозени.

.Украинската амбасада во Скопје излезе со соопштение и настанот го оцени како оружена агресија од руска страна.

Измените на Кривичниот законик од 2023 година на седница на Уставен суд

 Уставниот суд денеска на седница ќе расправа за оспорениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик од 2023 година, по поднесена иницијатива од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Во иницијативата, Трајанов наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една категорија граѓани се привилигирани, наспроти правосилно осудените лица кои добиваат дискриминаторски третман и за нив не важи намалувањето на казните.

Според Трајанов, расправата во Уставниот суд е задоцнета, бидејќи иницијативата е поднесена во септември 2023 година кога измените и дополнувањата на Кривичниот законик беа донесени по скратена постапка и со европско знаменце.

- Голем број на условно кажано криминалци се ослободени, нема да одговараат, нема да се конфискува нивниот имот иако некои од нив се стекнаа со огромни материјални богатства. Да не кажам народната, по свадба – тапани. Нека расправа Уставниот суд, нека донесе одлука не за поништување, туку за укинување, да не важи за во иднина, но не верувам дека до таква одлука ќе дојде, вели Трајанов за „Канал 5“ телевизија.

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик предизвикаа реакции во јавноста

Собранието на 6 септември 2023 година ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои предизвикаа реакции во јавноста , кај правната фела и Европската комисија, бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а беа донесени за два дена. Предложените законски измени беа изгласани во Парламентот со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, по што беа потпишани од тогашниот претседател Стево Пендаровски.

Негативни реакции во јавноста предизвикаа измените на членовите кои се однесуваа на злоупотреба на службената положба и овластувања и злосторничкото здружување.

Пратениците со изгласувањето на измените ги намалија пропишаните казни за двете кривични дела, воведоа горна граница на максималната казна, а укинаа и еден став од членот за злоупотреба на службената положба и овластувања, со тоа предвидоа и порано застарување на делата.

Од власта, донесувањето на измените и дополнувањата на Кривичниот законик со европско знаменце го правдаа дека е заради усогласување со директивите на Европската Унија, додека за опозицијата, тоа беше обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта.

Министерството за правда интензивно работи на измени на Кривичниот законик

Министерството за правда наскоро се очекува да излезе со кратко законско решение за измени во постоечкиот Кривичен законик, со кое треба да се отстранат штетните последици од законските измени на КЗ од 2023 година.

До донесување на нов Кривичен законик, кој треба да биде целосно усогласен со европските политики, Министерството работи на измени како привремено решение, односно враќањето на членовите 353, 353-в и 354 што ќе овозможи поефикасна примена на Законот против корупцијата и злоупотребата на службената функција.

Во однос на новиот Кривичен законик, министерот за правда Игор Филков очекува тој да биде донесен оваа година.

- Нашата цел е да имаме ефикасен и современ Кривичен законик, кој ќе биде одговор на потребите на општеството и на правосудниот систем. Очекувам новиот Кривичен законик да биде донесен во 2025 година. Тој е преведен на англиски јазик, а се привршува и процесот на подготовка на коресподентните табели, како обврска од билатералниот скрининг за Поглавјето 23, вели Филков.

Едно од клучните прашања во новиот Кривичен законик, како што посочува Филков, ќе биде унапредувањето на санкциите за тежок криминал, особено за економски криминал и корупција, а ќе има и нови кривични дела поврзани со финансиски прекршоци, вклучително и практиката на конфискација на имот.

- Новиот Кривичен законик ќе биде дизајниран така што ќе се зголеми правната сигурност и ќе се подобри заштитата на човековите права, особено во делот на процесните права на обвинетите и осудените лица, вели министерот Филков.

Откако ќе се добие мислење од Европската комисија, Кривичниот законик оди во владина процедура, а потоа ќе биде проследен до Собранието.

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во Македонија

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во земјава, на кој ќе се дискутира и за улогата на високото образование во обликувањето на иднината во оваа област ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Настанот е во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Мицкоски во посета на општина Кавадарци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе го посети селото Дабниште, каде се врши реконструкција на фекална канализација, потоа ќе направи увид во реконструкцијата на пристапниот пат од село Ресава до викенд населбата Косовец покрај Тиквешкото езеро и ќе ја пушти во употреба спортската сала во село Возарци./МИА

притисни ентер