Русија заплени три украински брода кај Крим, Украина најави воведување воена состојба

Русија заплени три украински брода покрај брегот на полуостровот Крим, што предизвика нова ескалација на тензиите помеѓу двете земји.

Украина соопшти дека било пукано на нив и дека се повредени шеста члена на екипажот на бродовите.

Двете земји меѓусебно се обвинуваат за инцидентот и Украина најави дека би можела да прогласи воена состојба.

Кризата почна кога Русија ги обвини украинските бродови дека нелегално влегле во нејзини води.

Бродовите утрово се обидоа да испловат од Одеса, тргнувајќи кон Мариопол преку Азовско море.

Киев соопшти дека Русија ги пресрела бродовите, запирајќи еден од нив, додека другите два биле блокирани од танкер под мостот Керч.

Украинскиот претседател Петро Порошенко свикал итна седница на својот воен кабинет поради инцидентот, кажа неговиот портпарол.

Русија испрати два борбени авиони и два хеликоптери во областа, додавајќи дека сообраќајот бил запрен од безбедносни причини.

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во Македонија

Научно – стручен собир посветен на развојот на туризмот во земјава, на кој ќе се дискутира и за улогата на високото образование во обликувањето на иднината во оваа област ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Настанот е во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Мицкоски во посета на општина Кавадарци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе го посети селото Дабниште, каде се врши реконструкција на фекална канализација, потоа ќе направи увид во реконструкцијата на пристапниот пат од село Ресава до викенд населбата Косовец покрај Тиквешкото езеро и ќе ја пушти во употреба спортската сала во село Возарци./МИА

Специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш во посета на Собранието

Собранието денеска ќе го посети специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Франгеш ќе се сретна со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

притисни ентер