СДСМ: Надлежните интензивно работат на проблемот со загадениот воздух

Надлежните институции на Градот Скопје  интензивно работат на проблемот со загадениот воздух.

Во рамките на своите надлежности повеќе институции, на локално и централно ниво, како и Градот Скопје преземаат мерки и работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздухот, којшто 11 години беше игнориран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај мерките коишто ги преземаат институциите на централно ниво, и Градот Скопје на овој наследен проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.

Дел од овие мерки преземени од Град Скопје се и:

Обновување на дрворедите на скопските улици, оние кои од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа исечени и никогаш не беа заменети и обновени. Обновени се дрвореди и засадени се нови во Ѓорче Петров и на Бит Пазар.

Во пролетна акција за засадување дрвја беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Во есенска акција за зазеленување на Скопје предвидено е засадување на нови 3.500.

Во изминативе 6 месеци подигнати се нови и реконструирани се зелени површини на над 50.000 метри квадратни. Се подговтуваат и нови големи зелени површини – нов парк позади Македонската филхармонија и нов парк – зелен кров на ГТЦ.

Зголемен е инспекцискиот надзор на индустриските капацитети, зголемен е капацитетот на инспекциските служби кои работат во две смени и ги контролираат сите.

Засилени се контролите на целата територија на Скопје за диви депонии. Само во една голема акција расчистени се над 3000 метри кубни смет. Промовиран е и посебен телефонски број за граѓаните да можат да пријават диви депонии.

Формирано е новото јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем. Интензивно се работи и на проширување на топловодната мрежа.

Оваа година доделени се субвенции за граѓаните кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат многу помалку.

Во јавниот градски превоз беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас кои не го загадуваат воздухот, а се воведе и електричен автобус. Следната година Скопје добива 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво со што ќе се заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП.

Воведени се бесплатни автобуски линии до Водно, за растеретување на сообраќајниот метеж и олеснување на пристапот за сите граѓани. Бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост е една од мерките кои се активираат кога е потребно.

За зголемување на енергетската ефикасност Град Скопје ги замени фасадите на 11 средни училишта, чии објекти беа детектирани како загадувачи на воздухот.

Набавени се прочистувачи на воздухот за сите средни училишта на Град Скопје.

Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички.

Овие мерки се само дел од планот како Скопје повторно да биде чист и зелен град.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

СДСМ

Борче Стефановски го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј во Тетово“, осветениот крст во црковниот базен го фати 32 годишниот Борче Стефановски.

Празнувањето започна со литургија која ја отслужија свештениците на тетовското намесништво кои потоа го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.

-Ова ми е прва година што скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам на сите здравје, среќа, љубов и мир, рече Борче Стефановски

По осветениот крст скокаа и 29 годишниот Филип Петрушевски и 32 годишниот Игор Андријевиќ.

Палестинците го прославуваат прекинот на огнот, побрзаа да се вратат во своите домови (ВИДЕО)

Прекинот на огнот во Газа, договорен меѓу Израел и Хамас, стапи на сила денеска во 11:15 часот по локално време (10:15 часот по средноевропско време), соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.

Израел доби список на заложници во Газа кои ќе бидат ослободени попладнево, а израелскиот безбедносен персонал ги проверува „деталите“, соопшти кабинетот на премиерот.

Владата соопшти дека почнала да ги известува семејствата на тројцата заложници кои ќе бидат ослободени преку претставници на израелската војска.

Палестинците го дочекаа историскиот прекин на огнот со прослави на улиците на Газа.

Штом стана јасно дека прекинот на огнот стапил во сила, тие се упатиле кон своите домови.

Прекинот на огнот, кој првично требаше да стапи на сила во 7:30, беше одложен бидејќи Израел побара да добие список на заложници пред да го спроведе договорот за прекин на огнот.

Хамас тврдеше дека техничките причини на теренот го одложуваат доставувањето на списокот.

Израелската армија, по истекот на првичниот рок од 7:30 часот за почеток на примирјето во Газа, погоди цели низ палестинската енклава, потврдија нејзините жители, а израелските сили објавија дека нападнале „терористички цели“ во Газа со тенкови.

Во израелските воени напади денеска загинаа најмалку осум Палестинци низ Газа поради доцнењето во спроведувањето на прекинот на огнот, соопшти палестинската служба за вонредни состојби. Најмалку 25 се ранети.

МОН: Утре почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие за основците и средношколците почнува утре, 20 јануари. 

Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10 јуни, освен за матурантите, за кои редовната настава завршува на 16 мај 2025 година.

По повод почетокот на вториот дел од учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска на учениците, наставниците и родителите им посака успешно совладување на новите предизвици, нагласувајќи дека секој треба да придонесе во градењето пријателски и безбедни училишта, во кои владее култура на разбирање и соработка. Тоа се важни предуслови за стекнување квалитетни знаења, вештини и компетенции, кои младите ги оформуваат како одговорни граѓани и идни лидери на инклузивно, праведно и просперитетно општество.

Министерство за образование и наука

притисни ентер