ВМРО-ДПМНЕ: Десетици граѓани дневно завршуваат во болница заради загадениот воздух

Скопје и Македонија се гушат во загаден воздух, а Зоран Заев  и Петре Шилегов не преземаат ништо.

Веќе неколку недели по ред Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Граѓаните имаат сериозни последици врз нивното здравје, особено хронично болните, децата и постарите.

Според анализа на реномираниот Универзитет во Чикаго од Институтот за енергетска политика, загадувањето на воздухот го намалува просечниот живот на човекот за скоро две години, што е поопасен ризик фактор за смртност од многу заразни болести како туберкулозата.

Како последица на неодговорниот пристап на црната власт на СДСМ кон животната средина десетици граѓани завршуваат на лекар секој ден поради проблеми со здравјето настанати заради загадениот воздух.

Граѓаните се соочуваат со реални здравствени проблеми заради загаденоста, а власта само ги завива во црно нивните животи.

Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето.

Светската здравствена организација неодамна излезе со анализа во која покажа дека на годишно ниво во светот умираат околу 7 милиони луѓе како последица на штетните и канцерогени честички кои влијаат на кардиоваскуларниот и респираторниот систем на човекот.

Наместо конкретни решенија на проблемите со енормното загадување, министерот за животна средина Садула Дураку дрско и безобразно вели дека не се занимава со граѓаните, Петре Шилегов организира стенд ап настапи, а Зоран Заев заборави на ветувањата за почист воздух во целост. Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бен Афлек им се препушта на пороците по средбата со Џенифер Лопез (ФОТО)

Јавноста будно ја следи таканаречената сага на Лопез-Афлек уште кога се забележани првите знаци дека нивниот брак е на стаклени нозе.

Сепак, приказната за нивниот развод трае доста долго, а тие дополнително ја збунија јавноста кога потоа одат на вечери и ручеци.

Но, јасно е дека секој на различен начин го преболува раскинувањето. Многумина забележуваат дека Џенифер Лопез се свртела кон работата на себеси, па одвреме-навреме објавува нови фотографии во провокативен стајлинг. Во тоа време, Бен изгледа „не знае што да прави со себе“. Неколку пати е виден како се шета и поминува време со Џенифер Гарнер, а потоа многу брзо посетува или оди во ресторан со Џенифер Лопез со која се разведува.

Сепак, најновото што ни ја нуди нивната „шпанска серија“ се фотографиите на Бен како се враќа од посетата на Џеј Ло и се предава на пиење додека „пали една цигара по друга“, вели фотографот. Неговите обожаватели никогаш не му го простиле ова - од неговата објава, до неуредениот изглед, до цигари и пијалоци среде бел ден.

-Изгледа по развод некој блеска, а некој се распаѓа - наведуваат многумина на мрежите.

Расте бројот на жртвите во експлозијата во рафинерија во близина на Фиренца

Бројот на жртвите во експлозијата во рафинеријата на енергетската компанија Ени во Каленцано, во близина на Фиренца, се искачи на четири, откако рано утринава беа пронајдени телата на уште две жртви, изјавија извори за Анса.

Уште едно лице е исчезнато по вчерашната експлозија, во која беа повредени девет лица.

Тројца од деветте се во многу тешка состојба, соопштија локалните здравствени власти.

Експлозијата се случила во делот на рафинеријата каде што резервоарите се полнат со гориво, но резервоарите не биле зафатени од пламен.

Истрагата за причините за експлозијата е во тек.

Како на филм: Турски мафијаши се убиваат пред црква во Грција, двајца загинати (ВИДЕО)

Сцени како од холивудските филмови се случиле вчера наутро во близина на црква во Глифада, Грција, кога турските напаѓачи поставиле смртоносна заседа за своите жртви, исто така со турско потекло, и убиле две лица, а едно е повредено.

Според информации, Турците ги чекале своите жртви на локацијата и штом ги виделе го извадиле оружјето и ги застрелале. На снимката која е објавена на грчките медиуми се гледа како напаѓачите ги бркаат жртвите и пукаат во нив.

Според медиумите испукани се повеќе од десет куршуми. Еден напаѓач во црна облека трча на сред улица, крева пиштол и пука во непознати кои стојат пред црквата Воведение на Пресвета Богородица.

Во исто време, вториот напаѓач во црна јакна и бели панталони е снимен како доаѓа од спротивната насока и со пиштол во рацете брка лице кое трча кон игралиштето.

На видеото се гледа уште еден напаѓач во црна облека и со маска на лицето.

Се појави и ново видео на кое се гледа како еден од наводните сторители бега од местото на настанот, вели сопственикот на продавницата кој бил присутен на местото на настанот.

„Куршуми летаа на сите страни, се исплашив и влегов во продавницата. Потоа излегов надвор и слушнав дека има двајца сторители, еден видов бидејќи помина пред продавницата“, изјавил сопственик на продавница во околината. .

Грчките медиуми јавуваат дека полицијата уапсила двајца осомничени, се работи за турски државјани со курдско потекло, на возраст од 22 и 26 години. Се вели дека едниот од нив е еден од напаѓачите, додека другиот имал споредна улога. Двајцата преку реката Еврос илегално пристигнале во Грција, додека еден од нив, кога бил лоциран поднел барање за азил.

Се трага по нивните соучесници. Првите докази собрани од местото на пукањето укажуваат на конфликт меѓу членови на турската мафија.

Наводно, во пресметката учествувале дури седум членови на мафијата, а полицијата во моментов трага по уште петмина.

притисни ентер