Поднесени амандмани за азилот на Груевски во извештајот на ЕП за Македонија

Групата на европските социјалдемократи и на зелените поднесоа амандмани за бегството на Никола Груевски во извештајот за Македонија, за кој ќе се гласа идната недела.

Извештајот за Македонија беше усвоен во Комисијата за надворешни работи пред неколку недели, но последниот развој на настаните со бегството на Никола Груевски во Унгарија ги наведе социјалдемократите и зелените да поднесат нови амандман во резолуцијата на известувачот Иво Вајгл, за која ЕП во пленарен состав ќе гласа на 29 ноември.

– Верува дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем; ја повикува Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат Никола Груевски во Скопје, очекува сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, истакнува дека овие судски процеси не треба да се политизираат, гласи амандманот на социјалдемократите.

– Тие во друг амандман бараат извештајот исто така да нагласи дека „по транспарентен судски процес, Никола Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор, дека повеќе судови ја потврдија пресудата и одлуката влезе на сила откако ги искористија сите права на жалби, дека е обвинет во четири други кривични премети и пет други кривични истраги во кој тој е инволиварен се во тек", пишуваат социјалдемократите.

Што се однесува до парламентарната група на зелените, тој е поднесен од страна на Јудит Саргентини, известувачката на Европскиот парламент за владеењето на правото во Унгарија и гласи:

"Ги повикува унгарските власт да ги дадат сите релеавнтни информации и потребни објаснувања кои се однесуваат на случајот со поранешниот македонски премиер Груевски кој избега од својата земја со тајна дипломатска поддршка од Унгарија за да избегне затворска казна; смета дека ова е случај на мешање во внатрешните работи на ПЈРМ и, посебно, чин на презир кон судството и владеењето на правото во оваа земја; ги нотира барањата за екстрадиција од страна на властите во Скопје и очекува Унгарија да се однесува стриктно согласно националните и меѓународните закони со тоа што ќе одговори позитивно на ова барање", стои во амандманот на Зелените.

Засега е неизвесно дали и кои од овие амандмани ќе бидат поддржани од европратениците идната недела, но извори во Европскиот парламент за МИА велат дека се очекува да има мнозинство за амандманот на социјалдемократите, вклучително и со гласови од Европската народна партија, освен, најверојатно, унгарските пратеници.

Амандманот на зелените се оценува „како помалку избалансиран" и „преостар" и за него потешко ќе било тешко да се добие поддршка од другите европарламентарци, велат извори од ЕП за МИА. /МИА

Следната фаза од случајот за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД ќе започне во мај

Следната фаза од судењето на Џулијан Асанж ќе започне во мај, откако американската влада му ги даде гаранциите на Високиот суд во Лондон што ги побара во врска со случајот на основачот на Викиликс во случај тој да биде екстрадиран.

Основачот на Викиликс се гони во САД за наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана по објавувањето на илјадници протечени документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

За време на дводневното рочиште во февруари, адвокатите на Асанж (52) побараа од судијата дозвола да го оспори отфрлањето на поголемиот дел од случајот за да ја спречат неговата екстрадиција. Минатиот месец, двајца судии ги отфрлија повеќето правни аргументи на Асанж, но рекоа дека доколку САД не обезбедат гаранции, тој ќе може да поднесе жалба по три основи.

Тие гаранции се дека Асанж ќе биде заштитен и ќе може да се повика на Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот во земјата; дека САД нема да имаат „предрасуди во судењето“ поради неговата националност и дека тој нема да се соочи со смртна казна.

Вчера, двајцата судии потврдија дека САД дале гаранции до судот и посочија дека сослушувањето ќе се одржи на 20 мај и ќе трае околу два часа.

Судот ја донесе пресудата откако сопругата на Асанж, Стела Асанж, во вторникот рече дека САД отворено дале збунувачки термини. - САД не дадоа гаранција за Првиот амандман и дадоа стандардно уверување за смртната казна, рече таа. „Соединетите Држави не се обврзаа да го повлечат претходното тврдење на обвинителството дека на Џулијан му недостигаше првиот амандман бидејќи тој не бил американски државјанин. Наместо тоа, САД се ограничија на отворено заобиколувачки јазик, тврдејќи дека Џулијан може „да се обиде да го покрене прашањето“ од Првиот амандман доколку се екстрадира.

„Дипломатската нота не прави ништо за да ја намали екстремната вознемиреност на нашето семејство за неговата иднина - мрачните изгледи тој да го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради објавување наградувано новинарство“, додаде неговата сопруга.

Американското Министерство за правда одби да коментира.

Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени

Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМР.

Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија.

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, годинава ќе се реализира во чест на Мирко Попов, најавуваат организаторите на фестивалот.

На конференција за печат што ќе се одржи денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во пресрет на манифестацијата ќе присусуствува тимот на фестивалот Виолета Качакова и Владан Дробицки. На прес - конференцијата ќе бидат и дел од изведувачите: актерот Оливер Митковски, како дел од музичкиот проект „Поетроника“, пијанистката Дуња Иванова и маестро Љупчо Мирковски, под чија диригентска палка ќе настапи Биг Бендот со музика на легендарниот Кире Костов.

Сите фестивалски вечери ќе се реализираат во Филхармонијата и во Лабораториум.

притисни ентер