Мала и сиромашна државичка им објавува војна на светските џинови

Република Вануату поднесува тужба против светските нафтени џинови , кои смета дека се одгвоорни за климатските промени.

Оваа малечка островска земја во Пацификот со 260 000 жители секоја година се соочува со невреме кое ја чини милиони долари . Затоа , министерот за надворешни работи Ралф Реганвану на конференцијата на која учествуваат претставници од земјите погодени од пореметувањата на климата , најави тужби против земјите , производители на нафта. Тој смета дека за милионските штети се одговорни токму големите нафтени компании и моќните држави.

Оваа државичка , која се протега на 82 острови во Пацификот , од кои повеќето се само на еден метар над висината на морето , може набргу да исчезне доколку морското ниво продолжи да расте како резултат на глобалното затоплување.

Островите многу често се на удар и на невреме. Така во 2015 , во бура биле уништени половина од островите . Штетата била проценета на 450 милиони долари , што е 64,1 процент од националниот БДП.

Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајка кај Струмица

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 17 часот на местото Габровски водопади, на патот Банско-Колешино, откако автомобил марка „бмв", управуван од В.М.(39) од село Моноспитово, излетал од патот.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници од село Моноспитово, додека сопатникот Д.Д (34) од истото село од здобиените повреди починал во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото на несреќата интервенирало и едно противпожарно возило со шест пожарникари, кои ги извлекле повредените и извршиле обезбедување на автомобилот од евентуално опожарување со прекинување на електричниот погон.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица. /МИА

Почина 19-годишното момче од Сараќино кое беше повредено во сообраќајката на 16 јануари

Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста таканаречена „требошки натпатник". Се судрија товарно возило „мерцедес" со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса”. Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар Мартин Бошкоски, роден 2001 година, исто од Сараќино. /MИА

Гутереш: Да се реагира неодложно за да се спречи граѓанска војна

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја повика меѓународната заедница итно и решително да реагира со цел да се спречи граѓанска војна од големи размери во Либија, што би имало катастрофално влијание врз целиот регион.

На отворањето на меѓународната конференција за Либија во Берлин, тој рече дека нема воено решение за Либија.

-Да не губиме надеж дека дијалогот ќе продолжи и да не штедиме напори за решавање на овој конфликт, рече рускиот претседател Вадимир Путин на средбата со турскиот колега Ердоган  на маргините на состанокот во Берлин.

Тој додаде дека Русија и Турција презедоа добар чекор кога повикаа на прекин на огнот во Либија, со што беа создадени предуслови за одржување на конференцијата во Берлин.

Во Верлин на покана на канцеларката Меркел се собраа клучните фактори во долгогодишната граѓанска војна во Либија, во обид да се спречи мешањето на странски воени сили, да се консолидира примирјето и да се помогне во повторното започнување на политичкиот процес за иднината на оваа северноафриканска држава.

притисни ентер