Најдобрата американска скијачка се повреди на почетокот на сезоната

Линдзи Вон повторно се повреди . Таа на својот Твитер профил напиша дека го повредила коленото на тренинг.

Повредата значи дека Линдзи ќе го пропушти почетокот на својата последна сезона во Светскиот скијачки куп. ,,Вчера паднав на тренинг на Супер Г и го повредив коленото” , напиша Линдзи на Твитер .

Во својата последна скијачка сезона 34 годишната Вон сакаше да го надмине рекордот на Ингемар Стенмарк со 82 победи . На Вон и недостигаат само четири за да го достигне легендарниот Швеѓанец.

Парламентот до крајот на септември ќе треба да ги потврди одлуките на Пендаровски за вонредна состојба!?

Речиси два месеци од конституирањето на Собранието одлуките на претседателот на Стево Пендаровски за вонредна состојба се уште стојат непотврдени од пратениците. 

Иако од Вила Водно до кабинетот на Талат Џафери одлуките се испратени веќе одамна собранискиот спикер се уште не ги има ставено на дневен ред.

Нема прецизна информација кога пратениците ќе расправаат за потврда на прогласувањето вонредна состојба. Од кабинетот на Талат Џафери велат ќе информираат навремено кога претседателот ќе свика седница. Неофицијално, од парламентарното мнозинство велат одлуките ќе се најдат на седница до крајот на месецов.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели тие ќе гласаат за потврда на одлуките на Пендаровски и за тоа ќе изнесат аргументи на седницата. Координаторот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски вели денеска добиле најава дека одлуките на седница ќе се најдат на 29-ти септември. Но, како ќе гласа опозицијата останува неизвесно. Мицевски вели додека дел од претседателските одлуки ќе ги поддржат, за нив особено спорни се последната и претпоследната одлука на Пендаровски бидејќи, како што велат, не бил донесени со консултација на сите политички партии. Неизвесен е и ставот на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Уставот не прецизира со какво мнозинство треба да се верификуваат претседателските одлуки. Што би значело дека собраниските служби ќе пресечат дали „за“ треба да гласат 61 или 80 пратеници, иако претходно Џафери беше дециден дека за одлуката потребно е довтретинско мнозинство.. Доколку тоа биде случај, потврдата на одлуките е неизвесна, бидејќи од опозициските партии нема јасен став како ќе глас.

Инаку, претседателот Пендаровски во последното интервју дадено за Канал 5 предупредува дека непотврдувањето на неговите одлуки може да имаат сериозни последици.

Пендаровски поради епидемијата од коронавирусот донесе пет одлуки со кои прогласи вонредна состојба во периодот од 18-ти марти до средината на јуни.

Приведен скопјанецот што нападна лекар на токсикологија

Родителот кој вчера физички нападна дежурен лекар на Клиниката за токсикологија е пронајден и приведен.

Станува збор за 32 годишен скопјанец со иницијали С.И. против кого ќе биде поднесена пријава, информираат од полицијата. Нападнатиот лекар е во добра здравствена состојба. Тој се здобил со неколку хематоми и исеченици, а откако му била укажана помош бил пуштен дома.

Инцидентот се случил кога родителот го однел своето малолетно дете на преглед, а докторот му кажал дека тие не работат со деца помали од 14 години и треба да се обратат на Педијатрија, информираше директорот на Клиниката за Токсикологија Нагип Зумбери.

Лекарите од оваа Клиника кои ги контактираше Канал 5 велат дека често се мета на напад, а нема кој да ги одбрани, истото го потврди и директорот Зумбери, кој рече дека иако повеќе пати добивале ветувања уште немаат обезбедување.

Осуда за нападот и расчистување на случајот преку Фејсбук побара и министерот за здравство Венко Филипче. Тој пред неколку недели во емисијата “Само вистина” рече дека проблемот лежи во недоволниот број на вработени во службата за обезбедување во Клиниката.

“Ние имавме повеќе состаноци и со преставници на МВР. Веќе има една служба во рамките на Клиничкиот центар која не е функционалана, затоа што нема доовлен број на луѓе кои се распределени на неколку места и тоа не е доволно бидејќи Клиниката е голема и фреквенцијата на луѓе е голема која доаѓа во овие болници. Имаме план сериозно внимание ќе обрнеме сега овој период кој што доаѓа, се полека заживува и ги заживуваме проектите кои ги запревме.” истакна Венко Филпче – Министер за здравство .

Според законот, следи казна од 1-10 години затвор за нанесување тешка телесна повреда на здравствен работник. Тој кој ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник – парична казна или казна затвор до 3 години.

-За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. – напиша министерот.

Законот за основно образование по скратена постапка пред пратениците

Собранието денеска во рамки на продолжението на 12-та седница расправаше за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка.

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги образложи законите за основно и за средно образование. Потсети дека за законот за основно образаование се дисутирало многу на комисијата и смета дека сите одредби од Предлог-законското решение и измената на законот за основно обрзаование се јасни.

– Утврдуваме одредена уредба која во вонредни околности ќе може да ја носи Владата се со цел да го уреди траењето на часовите, бројот на наставните денови во одредена година се со цел да се воспостави ова како механизам кој првпат ќе биде поставен во законот. Целта на оваа уредба ќе биде технички да ја уреди школската година во текот на таа година кога имаме вонредни околности. Првпат се воведува правото на учење од далечина, кое досега не било регулирано, рече Царовска.

Посочи дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности, со осовременување на образовниот систем може да се смета дека овој тип на платформа ќе биде корисна и за учениците и за континуирано учење на наставниците.

Пратеничката Благица Ласоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се работи за Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование бидејќи собраниската Комисија за образование и наука одлучи да прифати еден амандман од СДСМ.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано зошто нашите два амандмана кои беа многу конструктивни, а се со цел да се разреши состојбата во основното образование, немаше слух кај парламентарното мнозинство и не беа прифатени. Нашата воздржаност по однос на одредбите на законот за основно образование е од тие причини, потенцира Ласоска. Додаде дека како опозиција со тоа што поднеле само два амандмана покажале конструктивност и висока свесност за состојбите во кои се наоѓа нашето образование воопшто, особено основното образованието.

Според неа, во една ваква состојба не може да има политички игри и додаде оти сите присутни во салата и сите семејства во земјава се засегнати од одлуките во образованието. Посочи дека нивните амандамни се однесуваат на тоа дека треба Владата на учениците да им обезбеди компјутери и интернет во основните училишта и не било прифатено.

Пратениците од опозицијата укажуваа на недостатоците во образованието, на тоа што работела досега, како што велат, „старо-новата Влада". Сметаат дека ја нема дијагнозата, големата слика во основното образование во состојба на Ковид-19, ги нема профилите на наставниците. Посочија дека 40 илјади ученици немаат компјутери и ќе треба да останат дома и да гледаат ТВ. Според нив, тоа е дискриминација.

Прашаа зошто не почна учебната година на време, дали ќе почне на 1 октомври, зошто нема да има скрининг на наставниците. Зошто досега не биле мапирани регионите со помалку заболени од коронавирус, како и училиштата каде нема основни услови за одржување хигиена, што е со образовните и лични асистенти на учениците со посебни потреби…

Пратеник Арбер Адеми и поранешен министер за образование и наука посочи на досега реализираните активности во образованието, како донесените законски уредби за децата да не ја изгубат учебната година, која како што рече, заврши успешно. Потсети на проектот ТВ училница што се емитуваше преку националната телевизија и додаде оти наставниците сериозно се ангажирале во целиот процес.

Адеми рече дека тој и пратеничктата група на ДУИ ќе дадат поддршка на ова законско решение. Укажа дека измените се потребни, неопходни и изрази надеж дека епидемиолошката слика во земјава ќе се подобри и сите ученици да се вратат во училиште.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците смета дека овој предлог-закон за основно обрзаование има за цел пренесување на сите ингеренции на Владата, а се запоставуваат Парламентот и општинските совети. Според него, Владата треба да има последен збор, но со согласност од локалната самоуправа бидејќи, како што рече, тие знаат најдобро што се случува во училиштата, инфраструктура и сл. , дека блок дотациите не се доволни за решавање на елементарните проблеми во нормални услови. Укажа дека досега онлајн наставата во земјава не се одвивала како што треба и била неуспешна.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 16 часот и најави дека ќе работат и по 18 часот.

притисни ентер