Ѓоргиев: Промената на Уставот не значи и промена на идентитетот

Промените во одреден сегмент во Уставот не значат дека се менува и нашиот идентитет. 

Идентитетот не може да се смени со некоја реченица, пасус, па дури нека е тоа и во Уставот. И со промена на Уставот во однос на одлуките од АСНОМ повторно темелите на оваа држава остануваат на АСНОМ-скиот проглас од 1944 година, вели директорот на Иниститутот за национална историја Драги Ѓоргиев во интервју за МИА.

– Во суштина, сметам дека ако се промени одреден сегмент во Уставот тоа не значи дека се менува и нашиот идентитет. Идентитетот не може да се смени со некоја реченица, пасус, па дури нека е тоа и во Уставот. Контрапродуктивно е да се зборува за промена на идентитетот на македонскиот народ. Тоа само ја покажува нашата несигурност и инфериорност. Ако некој постојано зборува и се плаши за својот идентитет тогаш покажува дека тој е несигурен во тој поглед. И со промена на Уставот во однос на одлуките од АСНОМ повторно останува прогласот на АСНОМ. Значи, повторно темелите на оваа држава остануваат на АСНОМ-скиот проглас од 1944 година, вели Ѓоргиев запрашан за коментарот на историската наука во однос на амандманот кој се однесува на промени во преамбулата и забелешките од опозицијата дека со тоа се менува нашата историја и се прави дисконтинуитет.

Тој не смета дека менувањето на Уставот ќе доведе до создавање на нова држава или нов идентитет на територијата на Македонија.

– Идентитетот на овој народ останува во негови раце. Колку побрзо овој народ се ослободи од своите стравови дека некој ќе му го одземе или се обидува да му го земе идентитетот преку разни интевревенции во Уставот, толку побрзо и посамоуверено ќе продолжи понатаму. Многу е важно Македонците да се соочат со некои свои стравови, нејаснотии и фрустрации од минатото за да можат понатаму да продолжат и да немаат чувство на инфериорност и страв дека во иднина некој ќе им го украде идентитетот. Сметам дека промените ќе доведат до тоа оваа држава да го зајакне своето место меѓу европските народи, бидејќи влегувањето во НАТО, и понатаму во ЕУ, ќе значи и зајакнување на местото на овој народ, на оваа култура и на македонскиот јазик ќе бидат во европскиот културен свет. Јас не знам дека некој народ или заедница, кои се дел од Европската унија, го изгубиле својот јазик, својата култура, историја, идентитет. Напротив сите помали народи и заедници ги зајакнуваат овие аспекти од нивното постоење, вели, меѓу другото, директорот на Иниститутот за национална историја Драги Ѓоргиев во интервјуто за МИА.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности (во живо)

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер