Бугарскиот вицепремиер поднесе оставка

По масовните протести поради неговата изјава за активистите за правата на лица со посебни потреби , вицепремеирот на Бугарија , Валериј Симеонов , поднесе оставка.

,,Поднесувам оставка поради контимуираната медијска кампања против мене. Таа кампања му прави штета на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за мојата нормална работа. Тоа е нешто што не можам да си го дозволам. Не станува збор за мене или за партијата на чие чело се наоѓам , туку за Владата за која мислам дека е многу успешна. “ , рече Симеонов на прес конференцијата.

Вицепремиерот , кој е задолжен за економска и демографска политика и еден од лидерите на партијата Обединети патриоти ги нарече активистите ,, крескави жени” и рече дека шпекулираат шреку своите болни деца.

Премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Симеонов , кој објасни и дека сам ја поднесува , а не под притисок на премиерот.

Намалени од 50-70 % од компензациите за жртвите во терористичкиот напад во САД од 11.09.2001

Недостасуваат пари во фондот за компензација на жртвите во терористичкиот напад од 11-ти септември во 2001 година во САД.

Поради тоа исплатите се намалени од 50-70 посто соопштиле од фондот додавајќи дека се свесни колку ситуацијата не е фер но и дека се преферира сите да добијат некоја одредена износ , отколку некои жртви да останат без компензација.

Дел од Куманово вечерва без вода поради вградување мерна опрема

Дел од граѓаните на Куманово вечерва ќе се соочат со недостиг на вода, а жителите од ниската зона со намален притисок на вода, информира јавното претпријатие „Водовод" .

Вечерва од 23 часот времено ќе биде затворена водата за ниската и средната водоводна зона поради вградување мерна опрема и замена на старите затворачи со нови во кругот на фабриката за преработка на вода за пиење (Филтер станица).

Во повисоките делови на ниската и средната водоводна зона ќе има недостиг на вода, додека во пониските делови ќе биде намален притисокот. Во високата зона водоснабувањето ќе биде редовно.

Од „Водовод" информираат дека активностите ќе бидат завршени во краток рок, со што водоснабдувањето ќе се нормализира уште во раните утрински часови.

Вградувањето на мерната опрема и замената на затворачите се реализира во рамки на проектот „За употреба и одржување на водоснабдителниот систем на Куманово", кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски. Изведувач на проектот е фирмата „ЦМЦ" од Скопје./МИА

Меркел: Светскиот поредок се распаѓа, мора да ја спасиме Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека мулилатералниот светски поредок се распаѓа, но и дека тоа не значи дека треба да се уништи.

Како што пренесува „Хина“ Меркел ја критикувала националистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мора да се бориме за Европа, мора да се бориме за мулилатерализмот , против оние кои мислат дека се можат само“, изјавила Меркел на минхенската безбедносна конференција.

Официјален Берлин е загрижен за мултилатералната соработка по повлекувањето на САД под раководство на претседателот Трамп од неколку меѓународни договори, вклучувајќи го и Парискиот климатски договор и иранскиот нуклеарен договор, двата потпишани во 2015 година.

Ретко кога во историјата САД и Германија имале толку многу несогласувања, во моментов се спорат околу Иран, одбранбената пресметка, гасоводот Северен тек кој би требало да донесе руски гас во Германија.

притисни ентер