Масакр во Охајо- Убиено осумчлено семејство на фарма за марихуана

Тела на осум членови на исто семејство се најдени на фарма за марихуана , а за убиството се сомничат четири члена на друго семејство.

Осум лица на возраст од 16 до 44 години се најдени мртви во лертири различни куќи во округот Пике . За нивното убиство денеска се уапсени 47 годишниот Џорџ Вагнер III и неговата сопруга 48 годишната Ангела Вагнер , како и синовите , 27 годишниот Џорџ и 26 годишниот Едвард.

Тие се сомничат не само за убиство , туку и за завера, корупција , прикривање докази и попречување на правосудството. Џејк Вагнер бил дечко на една од жртвите , со која во време на убиството го делел старателстовто над нивната ќерка. Таа била најдена во кревет со нејзиното бебе старо само четири дена. Бебето преживеало , како и уште две мали деца најдени на фармата , едно од шест месеци , а другото на три годишна возраст.

Сите жртви загинале од прострелна рана , а убијците ги следеле и ги знаеле нивните навики и секојдневното движење. Една од жртвите била застрелана дури девет пати. На три од четирите места на злосторството била најдена марихуана. Мотивот не е познат , но се претпроставува дека се однесувал на старателството врз бебето .  

Убиствата се случиле во 2016 , а од тогаш семејството Вагнер негирало каква и да е поврзаност со настанот , па дури и јавно објавувале дека тие се жртви на малтеретирање од полицијата.

Фото: Двометарска медуза

Медузите од овој вид обично растат околу 90 цм, затоа оваа медуза претставува вистинско чудо.

Биологот Лизи Дали и фотографот Дан Абот, велат дека никогаш во животот не виделе толкава медуза. „Видовме неколку мали медузи а потоа наидовме на една огромна, моментот беше неверојатен“ рече Лизи.

„FaceApp“ ќе биде под истрага

Американскиот сенатор Чак Шамер побара од Федералното биро за истраги (FBI) да спроведе истрага за апликацијата „FaceApp“ .

До ова дошло откако се појавиле гласини дека Русија ги искористува податоците од оваа апликација. Дали апликацијата која сите ја користат во последниве денови, можеби крие мрачна страна?

На тоа сеуште немаме одговор.

Сијамски близнаци раздвоени во Лондон

Сијамски близнаци кои биле споени со главите, успешно се раздвоени во Лондон после неколку операции кои вкупно траеле 55 часа.

Двегодишните сестри од Пакистан Сафа и Марва Улах, три пати биле оперирани во Болницата „Грејт Ормонд Стрит“ а во хируршките зафати кои биле направени во рок од 4 месеци, учествувале вкупно 100 членови од медицинскиот тим на болницата.

Хирурзите успеале да ги раздвојат нивните мозоци кои биле меѓусебно испреплетени во нивниот заеднички череп а потоа успеале да реконструираат два посебни черепа, користејќи ги фрагментите од заедничкиот.

притисни ентер