Град Скопје: Се воведува ред во поставувањето урбана опрема

Советот на Град Скопје денеска ја донесе Одлуката за утврдување потреба за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување  урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор.

– Со оваа одлука се врши координација и усогласување на повеќе одлуки од областа на критериумите и поставувањето на времените објекти и урбаната опрема, каде што новина е одвојувањето на постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема и постапките за добивање одобрение за поставување урбана опрема за вршење дејност надвор од деловен простор. Со овие новитети детално е разработена постапката за издавање на одобренијата посочувајќи ги чекорите, придружните документи, плаќањата и елаборатите, информира Град Скопје.

Друга новина е предвидениот надомест кој Град Скопје ќе го наплаќа за застаклување на просторот за кој е издадено одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор, кој ќе се применува од наредната зимска сезона, поточно од 1 ноември до 31 март во висина од 15 денари за квадратен метар без пресметан ДДВ.

Според градските власти, основна цел на оваа одлука е воведување нови стандарди во сферата на поставување урбана опрема на јавните површини во Скопје со цел унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани. /МИА

Николоски: Од каде му се парите на Филипче за скапата кампања и луксузното возило?

Oдговорот е јасен тоа се  украдените народни пари

На синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во Ново Село, свое обраќање имаше носителот на листата за пратеници од четвртата изборна единица, Александар Николоски. Тој го запраша својот противкандидат Венко Филипче, од каде му се енормните суми на средства за скапата кампања и спотови кои ги објавува.

Пред некој ден сними едно скапо видео, скапо е од две причини, прво му го снима видеото скапа маркетинг ПР агенција, којашто плаќа по 100 евра по медиум за објава на текстовите за него, само тоа видео беше споделено на 22 медиуми, што значи дека само за тоа видео потрошиле 2200 евра, па прашањето е од кај им се парите за таа работа? Одговорот е јасен, тоа се ваши народни, крадени пари, од вас ги украдоа за себе да си прават пропаганда. И втората причина, зошто е ова скапо видео, е затоа што видеото е снимено во автомобил додека Венко Филипче вози во можеби најскапиот автомобил којшто било кој политичар во Македонија го поседува, јас искрено не знам ни до крај марката да ја кажам, ми кажаа дека е некое најново Ауди, СУВ или џип вака понародски кажано, најскапото коешто го има на пазарот, е во такво возило се вози мојот против кандидат, јас се возам во шкода вака за споредба, рече Николоски од митингот во Ново Село.

Тој посочи дека вакво луксузно возило невозможно е да се набави, ниту со докторска, ниту со министерска плата, туку исклучиво со криминал и корупција.

Мислам дека нити со пратеничка, нити со докторска плата не може да се заработи возило коешто чини повеќе од целокупниот род овде околу да се откупи, возило од 250.000 евра не се заработува нити од министерска плата, нити од докторска плата, се заработува исклучиво од криминал и корупција, потенцираше Николоски.

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница

Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција.

Почитувани граѓани на Битола,

Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој.

Исто така, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид. Подобрување на патната инфраструктура кон Ресен.

Исто така, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.

Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.

Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

притисни ентер