Имено, таа телевизија без никаков доказ , ноќеска објави информација дека Груевски се крие во викендицата на Орбан, што доживеа експресен демант од Унгарија, со што ја дематираше 1ТВ.
Но очигледно е дека вакви бомбастични вести и изјави се нормални за нив, особено поради фактот дека таа иста ТВ станица, вчера објави дека ја „превземала медиумската лидерска позиција“, што е далеку од вистината , односно фактот е сосема спротивен.
Имено 1ТВ , според рејтинзите на компанијата Нилсен, од почетокот на мерењето на оваа станица е најнегледана македонската ТВ станица, со просечен удел ( SHR ) помал од 1 процент!