Александар Пандов и Тодор Пендаров во „Само вистина“

Начинот на бегството но и самото бегство на Груевски е голема енигма за државата.Кој потфрли во процесот, власта, судот или службите?

Дами и господа, среда, среќниот ден од неделата, но за кого ќе има трагичен а за кого среќен крајот на овој политички трилер, вечерва на жешкиот икс, секој со својата, во нашата и ваша Само Вистина со десничарот Александар Пандов и левичарот Тодор Пендаров.

Начинот на бегството но и самото бегство на Груевски е голема енигма за државата.Кој потфрли во процесот, власта, судот или службите?

Има ли Груевски пасош на некоја соседна или европска држава или лажен идентитет, и дали користел воздух или илегални премини за напуштање на државата?

Нели е премногу чудно бегалецот да ја открие својата локација па дури и да биде сигурен дека ќе добие азил? Да не е случајно последниот пост на ФБ на Груевски мамка?

По бегството на Груевски ,Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски завршија во Шутка, кој висок функционер е следен? Дали бегството на Груевски, ги остави на цедило сопартијците и го вклучи алармот за превенирање на нови обиди за бегство?

СЈО бараше уште во 2016 притвор за Груевски но кривичен го одби истото. Кој не ја зема сериозно предвид опасноста за бегство на екс-опозицискиот лидер?

Издадена е меѓународна потерница, ќе го издржи ли унгарскиот премиер Орбан дипломатскиот притисок за екстрадиција на Груевски?

Ја готви ли Претседателот Иванов, аболицијата за Груевски или унгарскиот азил му е последната надеж?

За Пандов Груевски е патриот, против него има монтиран политички процес, а кога вистината ќе излезе на виделина, народот ќе им пресуди на тие што прават неправда.

За Пендаров е грешка што и порано не бил побаран притвор за екс-Премиерот на Македонија.

Ќе го преплива ли некој синиот убав Дунав, или ќе се врати со помош на цевчиња? Најгледаната и највлијателната политичка емисија, Само Вистина, вечерва со „тешкашите“ - Александар Пандов и Тодор Пендаров, само и само, на Канал 5 Телевизија.

Во скопско Кожле се гласа во трепезаријата од локалната црква

Избирачко место 2391 во општината Петровец е на невообичаено место. 

Не е во училиште, туку во дворот на црквата Свети Спас во скопското село Кожле. Списокот на гласачи не е долг. Има вкупно 18 гласачи. Гласањето е во трпезаријата на црквата. Мирно пријатно со христијанските симболи граѓаните оние малкумина кои останале во оваа просторија гласаат на изборите претходно биле локалните. Училиште нема.

„Нема друго место единствена просторија е оваа црковна трпезарија“, вели Неал Абдул Ибраими од избирачкиот одбор.

Живко Добревски жител на селото Кожле е еден од 18 гласачи вообичано гласаат шестмина од селото другите се иселени низ европските земји. Тој по пензионирањето се вратил во родното Кожле. Знае дека местото на гласање е невообичаено но тоа единственото место. Претходно се гласало во приватна куќа.

Пред гласањето можност за граѓаните да заплат свеќа во старата црква Свети Спас изградена според пишаните податоци во 1847 година. Црквата со вековна убавина и уникатен иконостас оставен на времето и на неколкумината жители да го одржат духот на верата и убавината на старите фрески.

А до црквата од селото има 900 метри пат, по синоќшниот дожд поплавен и со кал, но жителите верни на изборниот ден и на посетата на црквата. Веруваат дека краткиот земјен пат до цркавата и гробишата каде е погребан и потекнува и од Кожле македонскиот бисер во книжевноста Гане Тодоровски ќе биде направен.

Избирачкиот одбор вели станале во четири часот изутрина за навреме да стигнат ќе бидат тука и во наредниот круг на гласање бидејќи воздухот и природата се нешто што го нема во урбаните гласачки места.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер