30-дневен притвор за Јанакиевски и Божиновски

Барањето за притвор за Јанакиески и Божиновски СЈО го поднело рано утринава а судот го одобрил.

Груевски е во бегство а Специјалното обвинителство се сомнева дека на ист начин за бегство се спремале и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот секретар во владата на ВМРДО ДПМНЕ Кирил Божиновски поради што судот им определи притвор од триесет дена. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше јавно да ги сподели информациите со кои располагаат но рече дека ќе бараат притвор и за другите обвинети за кои ќе има сомнеж за бегство.

Барањето за притвор за Јанакиески и Божиновски СЈО го поднело рано утринава а судот го одобрил.

-По ценење на фактите и доказите во предлогот судот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство .

Обвинета во овој случај е и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска која како што рече не очекува притвор бидејќи ги почитувала определените мерки од судот.

Екс министерот Јанакиески синоќа за дел од медиумите го осуди бегството на Груевски и рече дека не планира да бега. Со Божиновски утринава се спроведени во истражниот затвор во Шуто Оризари а денеска не беа спроведени во судот бдејќи решението за притвор судијата Осман Шабани го добил утринава.

На следното рочиште за десетина дена Кривичниот суд ќе треба да одлучи и дали на екс премиерот Никола Груевски ќе му се суди во отсуство за Титаник или постапката ќе се одвои.

Случајот Титаник е најголемиот слуачј на СЈО во кој има над 20 обвинети за изборни нерегуларности. Освен во него Груевски е обвинет во уште 3 случаи - ТНТ, Траекторија и Насилство во Центар.

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

притисни ентер