Романец купил половен креденец со 95.000 евра во него

Романецот Самуел Станичи кој купил половен креденец од популарен онлајн сајт пронашол во него 95.000 евра и веднаш ги вратил парите.

Неговата сопруга Адела Саничи за „АП“ изјавила дека нејзиниот сопруг, кој инаку е градежен работник, ја повикал во собата и и рекол: „Погледни што најдов“, покажувајќи и банкноти од 500 евра во металната кутија.

Според нејзините зборови, заедно ги изброиле парите, не можеле да спијат цела вечер и помислиле дека станува збор за некоја замка и дека мораат да ги вратат парите.

Нејзиниот сопруг отпатувал во градот каде што живеел сопственикот, кој му рекол дека креденецот му припаѓал на неговиот неодамна починат татко.

Станичи рекла дека сопственикот не знаел за парите и оти ги наградил поради чесноста не прецизирајќи колку пари им дал.

Гризман ќе пропушти натпревар со Франција за прв пат по 2017 година

Францускиот фудбалер Антоан Гризман ќе ги пропушти претстојните пријателските натпревари на неговата репрезентација поради повреда на скочниот зглоб.

Така, 32-годишниот Французин нема да игра за француската репрезентација првпат по 2017 година. Тој одигра 84 натпревари без да пропушти ниту еден натпревар на „триколорите“.

Француската репрезентација на 23 март ќе игра против Германија, а на 26 март ќе се сретне со Чиле.

Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза

Принцот Хари од 2020 година престојува во САД, каде живее во вилата Монтесито со сопругата Меган Маркл, нивните две деца Арчи и Лилибет.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за позицијата на изборите во ноември, во интервју за презентерот на телевизијата Џи-Би Њуз (GB News), Најџел Фараж, навести дека војводата од Сасекс, принцот Хари, нема да добие „посебни привилегии“ доколку лажел за неговата употреба на дрога во неговата апликација за виза.

Принцот Хари од 2020 година престојува во САД, каде живее во вилата Монтесито со сопругата Меган Маркл, нивните две деца Арчи и Лилибет.

Во својата автобиографија „Ризрв“ („Reserve“), принцот Хари откри дека се дрогирал. Во книгата тој признал дека користел кокаин, канабис и психоделични печурки.

За време на интервјуто, кое денеска во целост ќе се емитува на британската телевизија, Фараж го праша Доналд Трамп дали Хари треба да ужива „посебни привилегии“ доколку се утврди дека не ја кажал вистината.

-Ќе треба да видиме дали (властите) знаат нешто за дрогата, и ако лажел, ќе мора да преземат соодветни мерки, одговори Трамп, иако не кажа јасно какви треба да бидат тие мерки.

Претходно, поранешниот американски претседател изјави дека „нема да го заштити“ Хари затоа што „ја предал кралицата“.

Хари призна дека користел кокаин и марихуана во минатото. Во една прилика изјавил дека канабисот му помогнал да ја излечи траумата од смртта на мајка му.

Принцот рече дека користел ајахуаска, психоделичен лек, велејќи дека разбира дека неговата мајка сака тој да биде „среќен“.

Секој што аплицира за виза за живеење и работа во Америка мора да одговори со „да“ или „не“ на прашањето: „Дали сте или некогаш сте биле наркоман или зависник од дрога?“.

Апликацијата за американска виза на Хари во март 2020 година може да покаже дека тој го штиклирал полето „не“ на прашањата за неговата употреба на дрога.

Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами по смртта на Колцов

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами, пренесува „Tennis365“.

Дваесет и петгодишната Белорусинка е отстранета од официјалниот распоред на тренинзите, а објавите за нејзиното учество на социјалните мрежи се избришани.

Претходно се дозна дека нејзиниот интимен партнер, Константин Колцов, почина на 18 март во Мајами, каде што допатува за да ја поддржи својата девојка.

Поранешниот белоруски хокеар Колцов беше во врска со Сабаленка од 2020 година.

притисни ентер