Мурали во Битола

Муралите во Битола импресионираат со пораките што ги испраќаат.

Муралот „Битола бабам Битола", централно позициониран во шалтерската сала на битолската Пошта, изработен од академскиот сликар Борко Лазески, неколку години пред неговата смрт, се уште е еден од најмаркантните мурали во градот под Пелистер.

Но, според познавачите на оваа ликовна уметност, која исклучиво се презентира на ѕид, почетоците се врзуваат со настан од пред 40 години кога, во тоа време, во чест на 75-годишнината од Илинденското востание, во Битола беше изработен првиот мурал. Станува збор за идејното решение кое го подготви ликовниот педагог Коста Хаџиантоновски, тогаш наставник во ОУ „Кирил и Методиј"-Битола и раководител на ликовната секција во општинското училиште.

Од тогаш до денес, муралите во Битола импресионираат со пораките што ги испраќаат, но за жал често не се на видик на окото на туристите, вели Хаџиантоновски, кој лично координирал изработка на повеќе мурали во Битола, но и во Ресен и во Кичево.

-За изработка на мурал треба да се има добро идејно решение, а кога ќе се надмине таа фаза тогаш потребна е подготовка за изработка на муралот. Се сеќавам како денес да беше…во сега веќе далечната 1978 година, општината ја прифати идејата за изработка на мурал на фасадата од куќа која е во центарот на градот, на Широк Сокак. Тогаш во градот се одржуваше традиционалниот републички натпревар „Курирче", а истовремено се одбележуваа разни настани и случувања, но и јубилејот „75 години – Илинденско востание". Веднаш се фативме за работа, добивме поддршка од градежното претпријатие „Пелистер"-Битола, нивните работници го поставија скелето, а ние извршивме препарација на ѕидот, го подготвивме за цртање и го направивме муралот на кој доминираат илинденци, како и учесници во народнослободителната борба. Овој мурал се уште одолева на забот на времето, вели Хаџиантоновски.

Муралот, како современ начин на ликовно изразување, Хаџиантоновски го користи и неколку години подоцна, односно во 1986 година кога на влезот во Старата битолска чаршија, заедно со ученици од Битола, Штип и Кочани, младинци со потврдени ликовни вештини и талент, но и со поддршка на стручни лица го изработуваат муралот „Будење".

-Во јубилејната монографија на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј"-Битола издадена во чест на 25 роденден (1981-2006), меѓу бројните фотографии ги поместивме и деталите од изработката на муралот „Будење". Се подготвувавме повеќе од две недели, го исчистивме ѕидот до „гола тула", 12 пати го миевме со вода, а користевме специјални бои кои се издржливи во секакви временски услови. Тоа беше почеток на мојата идеја што за жал не се оствари, а целта беше на сите запуштени фасади што и денес ги има во Старата битолска чаршија, да има по еден мурал со детал од Битола. Ако тоа тогаш го реализиравме, чаршијата ќе беше поатрактивна за туристите, на дуќанџиите ќе им беше поинтересно секојдневието, а истовремено ќе спречевме чкртање по ѕидовите и пишување пораки, често со недолична содржина. Но, како што нагласува Хаџиантоновски, не е доцна, идејата може да се реализира и денес, бидејќи во чаршијата и понатаму има ѕидови кои „плачат" за креативен мурал.

Во Битола мурали има на повеќе јавни локации и во повеќе објекти. Повозрасните битолчани се сеќаваат на прекрасните мурали во некогашното кино „Трудбеник", муралот во кафеаната „Македонија" и кај стоковната куќа „Корзо" кои за жал повеќе не постојат. Но денес со задоволство може да се посочат муралот во основното училиште „Св.Климент Охридски"-Битола како и најновниот мурал во овој град изработен со поддршка на локалната самоуправа, креативно решение на авангардната екипа „Hybrid Minds Crew" што на ѕидот од зградата кај местото меѓу битолчани познато како „Шехерезада", на современ начин и со мајсторско ликовно изразување, прикажани се пелистерски рис и убава битолчанка.

Интересот за изработка на мурали во Битола не стивнува, а не ретко, млади уметници излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните од разни урбани заедници да им се цртаат комбинирани слики на мурал и графит на запуштени објекти, на долги ѕидови и други јавни површини што освен што се штитат од непристојни и вулгарни содржини, овозможуваат подобар лик на населбата во која живеат./МИА

Ковачевски: Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, пензионерите ја изградија оваа држава

Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме она што стои во нашата програма. 

Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. - порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.

Во изминатите седум години направивме многу работи. Имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме! Ниту кога беше најтешко, кога земјата се соочи со КОВИД пандемијата, и потоа кога се боревме со енергетска и економска криза. Цело време бевме рамо до рамо со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок од сметките за струја. Се погриживме нашите пензионери да имаат достоинствени примања и ги зголемивме пензиите за 55%. - рече Ковачевски

СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Рече Ковачевски и додаде: Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина. Одиме на победа!, се наведува во партиското соопштение.

Трајковски: Уште повисоки пензии во новиот мандат, за подобар живот за пензионерите

Кандидатот за пратеник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Горан Трајковски вечера во Кисела Вода рече: Изминативе седум години напорно работевме. 

Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Обезбедивме повисоки плати, пензии, поддршка за бизнисите, за домашните компании. Во најтешкото се обезбедија и огромни средства за антикризни мерки, се заштити стандардот на граѓаните и стопанството.“

“Свесни сме за работите кои ги загрижуваат граѓаните, вечерва и ќе поразгавараме за тоа сигурно. Но, она што сакам да го кажам е дека ние досега покажавме дека имаме план. Ние нема да се откажеме од подобар живот за пензионерите, за работниците, за компаниите. Ние нема да се откажеме од европската иднината на граѓаните. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ. Нема да се откажеме од подобар живот за младите. - рече Трајковски

Зборувајќи за програмата за претстојните избори во која има планирани повеќе мерки за пензионерите како и покачување на пензиите од 20.000 за минимална пензија и 30.000 за просечна пензија, кандидатот за пратеник на СДСМ, Трајковски порача: Ние на дело ја покажуваме нашата заложба за подобра иднина. Во новата програма за европска иднина, се предвидени уште повисоки плати, поголеми пензии, поголема поддршка за компаниите и за земјоделците - рече Трајковски

Во своето обраќање кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски кажа: „Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓу тоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години.“

„Граѓаните знаат дека со нас нема откажување! Знаат дека нема враќање назад, затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода, се наведува во партиското соопштение.

Се евакуира населението поради ерупцијата на вулкан на Индонезија, аеродромот е затворен

Жителите кои живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, расфрлани карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.

Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.

Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.

Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и југоисток, покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.

„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на планината Руанг и работиме во координација со релевантните актери, со цел да се предвидат активности за да се овозможи безбедност и удобност на воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром Амбар Сурјоко.

Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да пропадне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.

Во средата, планината Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик да издаде највисоко ниво на тревога.

На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.

Индонезија, архипелаг од острови, е дом на околу 270 милиони луѓе и има 120 активни вулкани.

притисни ентер