Се објавува СМС и Вајбер комуникација на судењето за 27ми април

Во Кривичниот суд,  се одржа ново рочиште за 27 април, со читање на пораки од телефонски преписки.

СМС пораки и вибер комуникација на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски презентираше Јаното обвинителство на денешното рочиште за собраниските насилства од 27 април лани. Освен со пратениците од ВМРО ДПМНЕ Вељаноски ден пред упадот во собранието дил порака од екс премиерот Никола Груевски која тој ја добил од тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков.

Порака од Никола Груевски до Трајко Вељаноски

„Од Чавков: Да ве известам, во моментов добив информација од лојален Албанец дека се планира нешто за утре кај 12, да се направи инцидент или нешто слично на тоа. Во моментов нема ништо, но штом има ќе ве барам. Информацијата е од повеќе извори".

На денот на насилствата порака со слична судржина повторно му праќа на Вељаноски оовојпат наведувајќи дека информацијата му е од Панче Кралев кој како што пишува ја добил од ДУИ.

СМС и вибер пораките продолжуваат и ден по насилниот упад. Вељаноски го убедува пратеникот Крсто Мукоски дека не снимаат собраниските камери од внатрешната страна на главниот влез на законодавниот дом, но Мукоски се сомнева.

Трајко Вељаноски:

„Човекот кажа дека кај вратите скоро ништо не се гледа, една камера има од далеку и матна".

Крсто Мукоски:

„Ок, ми кажа човекот, ама не е лошо некако да се слушнеме со колегата што беше кај тебе, да ја потврди целата ситуација дека ќе е така како што кажуваш".

Деновите по инцидентите Вељаноски е во контакт и со Горан Ѓошевски – дел од обезбедувањето на неговиот кабинет кој што сега е на обвинителна клупа. Ѓошевски се жали дека не добил доволна заштита од Чавков.

„Се се врти околу мене поради Чавков. Веќе не знам до кога ќе издржам зошто немам никаква заштита, а најмалку од него. СДСМ си ги заштити своите, а албанците своите"....му пишува Ѓошевски на Вељаноски.

Тогашниот собраниски претседавач е во честа комуникација и со пратениците Димитар Стефананџија и Илија Димовски од кои бара доколку Талат Џафери биде избран за Претседател на собранието пред неговиот кабинет да стојат десетина пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони

Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари.

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. /МИА

притисни ентер