Лондон, Инстаграм светски град на суперавтомобили!!

Лондон, Москва, Лос Анџелес, ... Ферари, Ламборгини , Порше....

На основ на споменување (mentions) на Инстаграм,, Лондон е прогласен за светски град на супер автомобили.

Според истражувањето објавено на страницата „Activity Superstore“ во изминатите три години 148 милиони фотографии на суперавтомобили се споделени на Инстаграм. Од таа бројка околу 6,1 милион фотографии потекнуваат од британската метропола. Следуваат Москва со 5,9 и Лос Анџелес со 4 милиони фотографии на суперавтомобили. Во првите десет се и Њујорк, Дубаи, Париз и Истанбул.

Дури на осмата позиција не градот синоним за луксузни автомобили Монако, градот во кој е седиштето на Порше, Штутгарт е деветти а најголемиот канадски град Торонто е на десеттото место.

Покрај градови истражувањето опфаќало и кои се најпопуларните производители на луксузни автомобили.

На ова листа бројот еден е резервиран за Ферари со 53 милиони постови, следи Ламборгини со 48,1 мил. а трет е Порше со 43,1 милион постови.

Со споредба на анализите е откриено дека во Лондон најчесто се гледаат автомобили Астон Мартин, Бугати, Ферери, Ламборгини и Пагани, а во Москва Бентли и Порше автомобили.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер