Сега и официјално: Згодниот актер и убавата пејачка ја потврдија врската

Половина година после разводот од сопругата актерот Ченинг Тејтум е во среќна врска со пејачката Џеси Џеј.

Иако за нивната врска досега само се шпекулираше, изгледа дека тие на овој начин ги потврдија гласините.

Имено, Џеси Џеј на Инстаграм објавила видео-снимка од лондонската премиера на претставата „Magic Mike”, во која глуми Ченинг.
foto: Instagram

Актерката го означилa Ченинг во видеото, му честитала, а на останатите им порачала дека ова не смеат да го пропуштат.

Досега се се темелеше на гласини и на зборови на очевидци, а ова е прв пат некој од нив двајца на некој начин да ја потврдат врската.

притисни ентер