Со кој електричен автомобил може да се минат најмногу километри?

Специјализираниот портал тестирал автономни електрични автомобили и утврдил кој од нив може да мине најмногу километри со едно полнење на батериите.

Според тестирањето на овој британски портал , шампион во минувањето дестинација меѓу две поленања е јужнокорејскиот Хјунадаи, односно неговиот модел Kona Electric . Овој модел со батерија од 64 kWh може да помине 414 километри .

Зад Кона е Jaguar I-Pace и Kia e-Niro со минати по 404 километри. На четврто место е Tesla Model S 75D со 326 километри , ана петто место повторно е Hyundai Kona Electric но со батерија од 39 kWh со која се минуваат 252 километри.

Меѓу првите десет електрични автомобили се Renault Zoe R110, Nissan Leaf, BMW i3, Volkswagen e-Golf (190 km)..

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

притисни ентер