Продолжува расправата за вториот нацрт-амандман на Уставот

 Комисијата за уставни прашања ја продолжи расправата за нацрт уставните амандмани, во рамки на втората фаза од постапката за менување на Уставот на Република Македонија.

Таа вчера го усвои Првиот нацрт-амандман за промена на Уставот со десет гласови „за" и пет проти, со кој се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во член 36 каде има историски аспект, а ја започна и расправата за вториот нацрт амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор. И на вториот ден опозицијата и власта останаа на спротивни ставови.

Опозицијата повторно обвини дека целиот процес за промена на името и Уставот се одвивал нетранспарентно и без консензус и оти не е испочитувана волјата на народот искажана на референдумот. Предложија со нацрт-амандман да се обезбеди заштита на сето она што значи менување на уставно име.

На ова реплицираше заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој ги отфрли обвинувањата дека процесот бил нетранспарентен и оти не била консултирана опозицијата. Посочи дека биле одрзани шест тет-а-тет средби за да се објасни целиот процес.

За вториот Нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен диговор. Опозицијата обвини дека со овој амандман и измените што се прават во Преамбулата се бришат деветте одлуки на АСНОМ, од кои, како што рекоа, четири имаат државотворно значење. Заменувањето на одлуките со Прогласот, рече не смее да се прави, бидејќи Прогласот е само известување до граѓаните за донесените одлуки. Вметнувањето на Рамковниот договор, според пратениците од опозицијата, е дополнително проблематично и тоа отвора можности за федерализација и бинационална држава. Со ставањето на Рамковниот договор во Преамбулата, се отвора можност да се прогласи албанскиот јазик за службен на целата територија на државата.

На ова реплицираше Жерновски, кој истакна дека тоа е апсолутна невистина и груба измама на граѓаните на Република Македонија.

-Да се каже дека одлуките од Прогласот се бришат е ноторна невистина. Напротив она што го кажуваме и што премиерот го потенцира она што ние го правиме и правните решенија за кои зборуваме од Прогласот дополнително се потенцираат и зајакнуваат, рече Жерновски.

Седницата на собраниската Комисија за уставни прашања може да трае 12 дена, а пленарната седница веќе е закажана за 1 декември. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас по што треба да се организира јавна расправа чие времетраење го утврдува Парламентот. По ова, Владата ги изготвува предлог-амандманите и повторно ги доставува до Собранието кое треба да ги донесе со двотретинско мнозинство или за нив ќе треба да гласаат најмалку 80 пратеници. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство.

На 19 октомври Собранието со 80 гласови „за" ја донесе одлуката за пристапување кон уставни измени, согласно договорот од Преспа. За потребата за уставни измени гласаа и осуммина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер