Славната актерка Деми Мур е во врска со Белграѓанка

Од почетокот на годинава се шпекулира дека 56 годишната холивудска ѕвезда е во врска со Белграѓанка , но нивната врска сега доби потврда.

Холивудската актерка Деми Мур (56) , која беше во брак со Брус Вилис , веќе три години е во врска со Маша Манџука (43) . Двете се веќе две години во врска , но ретко се појавуваат во јавност.

Деми зад себе има три неуспешни бракови и изгледа дека дури сега најде среќа во љубовта. Со модната стилистка Маша Манџука живеат задно и ја чуваат ќерката на Маша, Рума.

Белграѓанката студирала и живее во Њујорк , а работела како костимограф на повеќе познати телевизиски проекти како ,,Топ модел” , како и на Оскаровецот ,,Ла ла ленд”.  

Косовската пејачка ги шокира дури и папараците (ФОТО)

Светски познатата пејачка Рита Ора , по потекло од Косово , е позната по шокантните стајлинзи.

Откако со изведбата на синглот "Let You Love Me"  ги одушеви присутните на доделувањата на наградата People's Choice Awards 2018 во Лос Анџелес , Рита Ора отиде да се почести во популарниот ресторан на светски познатиот шеф Нобу Мацухису.

Пејачкатаз а таа прилика се облече во црно , но и овој пат не помина без провокативна комбинација. Иако во ресторанот се појави со чизми и со капа , Рита под проѕирната маица не носеше ништо.

Папараците останаа шокирани , но тоа не и пречеше на расположената Рута , која поврторно се најде на насловните страници на таблоидите.  

Почна теренското тест возење на најновиот Астон Мартин (ФОТО+ВИДЕО)

По три и пол години од премиерата на концептот DBX , Астон Мартин почна со тестирањето на својот нов СУВ модел.

Спортско урбаното возило , иако требаше да се вика Верекаи , сепак во продажба ќе пристигне под кратенката DBX.

Првите две букви означуваат линија на спортски автомобили од времето на Дејвид Браун , а X e  за класата кросовер.

За разлика од концептот , серискиот DBX има практичен дизајн.  Според фотографиите што ги објави Астон Мартен , DBX има доста заеднички карактеристики со спортскиот модел Вантаж , DB11 и DBS Superleggera.

Производителит најави и дека нема да почне со сериското производство на новиот СУВ уште најмалку една година.

Уште еден актер остана без домот поради пожарите во Калифорнија (фото)

Пожарите во американската сојузна држава Калифорнија, кои во последните неколку денови уништија неколку илјадници домови, од монтажни куќички до раскошни резиденции, не беа поштедени ниту домовите на некои од ѕвездите кои живеат во близина на Малибу.

После Џерард Батлер, поп пејачката Мајли Сајрус навела дека куќата во која живеела со австралискиот актер Лиам Хемсворд во целост изгорела.

Хемсворт на твитер ја сподели шокантната фотографија од нивниот некогашен дом во Малибу кој сега е претворен во пепел, од кој ништо не останало, освен зборот (love) кој се гледа на пепелта.

 

Австралискиот актер потоа напишал порака во која истакнал дека сочувствува со сите луѓе кои во беснеењето на пожарите останале без дом.

„Беше трогателно овие неколку дена. Ова остана од мојата куќа: Љубов(love). Многу луѓе во Малибу и во околните подрачја на Калифорнија исто така ги изгубија своите куќи и сочувствувам со сите кои се погодени од пожарите“ – напишал актерот.

 

Во неделата Мајли исто така на твитер напишала за пожарот кој го зафатил нејзиниот дом, изјавувајќи дека е среќна што домашните миленици се добро.

„Во  целост е уништена од огнот кој го зафати целото маало. Јас сепак имав среќа. Моите животни и љубовта на мојот живот се безбедни и тоа е она што сега е најважно“.

притисни ентер