Ферари ги надмина очекувањата – се радуваат на рекордната година

И покрај тоа што има уште два месеца до крајот на годината , раководниот тим на Ферари прогласи дека 2018 била рекордна година.

Италијанскиот производител на супер брзи автомобили објави дека во третиот квартал продале рекордни 2 262 автомобили . што е раст од 11% , за разлика од истиот период минатата година кога биле продадени 216 автомобили помалку.

И во првите девет месеци од годинава се бележи раст на продажбата со испорачани 6 853 автомобили , односно за 7% повеќе отколку лани. Најмногу возила се продадени на купувачи од Европа, Блискиот Исток и Африка , каде се продадени 3 181 автомобили со раст од 8%. 2 189 возила се продадени во Северна и Јужна Америка , а само 522 спортски автомобили купиле потрошувачите во Кина и Тајван.

Најпродавани модели биле Ферари Портофино и Ферари 812 Суперфаст.

Од компанијата планираат наредните неколку години двојно да го зголемат профитот , поради најавата за дури 15 нови модели до 2022 , меѓу кои и џип Ферари , за кој уште сега има голем интерес.

Грција: Девојка брутално силувана од мигранти, момчето претепано и врзано ги гледало мачните сцени

Гркинка (23) и нејзиното момче пред суд повторно ги преживувале сцените од октомври 2016 година, кога на настан организиран во името на солидарноста со бегалците, биле нападнати од мигранти.

Девојката била групно силувана од страна на тројца бегалци од Алжир и Сирија, додека нејзиното момче било претепано и врзано и морало сето тоа да го гледа.

Девојката со своето момче се одлучила да го посети настанот организиран на Универзитетот во Солун, за да искаже солидарност со бегалците.

Во текот на хуманитарната забава, студентката и нејзиното момче поминувале низ дворот на Универзитетот, коа одеднаш ги нападнале тројца мигранти и ги врзале.

Бегалците ја присилиле жената на орален секс под закана дека ќе ја убијат заедно со нејзиното момче и потоа ги ограбиле, а сето тоа се случувало додека настанот за солидарноста со бегалците во организација на студентските групи и политички невладините организации и понатаму траел на само неколку метри од сцената на бруталниот злочин.

Грчката полиција успеала да ги уапси тројцата мигранти. Во станот во кој живееле полицијата пронашла дрога, 5.500 евра во кеш и украден накит.

Минатата недела судот во Солун осуди двајца од мигрантите, додека на третиот напаѓач (19) ќе му се суди како на малолетник.

Дневен хороскоп за 26.3.2019

Дневен хороскоп за вторник , 26 март 2019 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги.

Здравје и совет

Дишете длабоко.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. самците за сега ќе останат осамени.

Кариера

Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка.

Здравје и совет

Трпение, спасение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка.

Кариера

На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте.

Здравје и совет

Малку пополека и обмислено.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат.

Кариера

Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби.

Здравје и совет

Би можеле да поместите планини.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа.

Кариера

Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите.

Здравје и совет

Во право сте целосно.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува.

Кариера

Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас.

Кариера

Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат.

Здравје и совет

Почастете се со нешто што го посакувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко.

Кариера

Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување.

Здравје и совет

Согледувајте ја реалноста.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце.

Кариера

Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите.

Здравје и совет

Ќе бидете прифатени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно.

Кариера

Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво.

Здравје и совет

Здрави сте и весели.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа.

Кариера

Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри.

Кариера

Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете.

Здравје и совет

Не е забрането ако сакате да се опуштите.

Мисир го запре сообраќајот за да може да помине јато мисирки (ВИДЕО)

Како мисирките од американската држава Њу Хемпшир го преминуваат патот? Со помош на еден мисир , кој го запре сообраќајот.

На снимката направена во местото Личфилд на 14 март се гледа група мисирки како се обидува да премине преку пат полн со возила.

Видеото го снимил извесен Дони Померлау , по што стана хит на социјалните мрежи , како и на американските медиуми. Мисирот , откако целото јато го премина патот , им се придружи и мирно продолжи со прошетката.

притисни ентер