Германец ќе го заземе местото на Јункер?

Дали потпретседателот на баварската партија ЦСУ и долгогодишен пратеник на Европскиот парламент , Манфред Вебер, ќе биде избран на местото на претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер.

Тој ќе биде главниот кандидат на Европската народна партија на изборите следната година. Така денеска решија 79 проценти од делегатите на самитот на ЕПП , каде противкандидат на Вебер му беше поранешниот фински премиер , Александер Стуб.

Позицијата главен кандидат (Spitzenkandidat) значи и дека Вебер би требало да биде следниот претседател на Европската Комисија , под услов Европската народна партија да остане водечка и на изборите наредната година .

Тоа е практика воведена на минатите избори кога главен кандидат на ЕПП беше сегашниот претседател на ЕК , Жан Клод Јункер.

Вебер е избран на оваа позиција од местото потпретседател на баварската ЦСУ , партнерска партија на ЦДУ на Меркел .

Тој е роден 1972 година во јужнобаварското гратче Ротенбург и по занимање е инженер. Во политиката влезе со изборите во 2002 како пратеник на ЦСУ во баварскиот покраински парламент.

Во 2004 почнува неговата кариера како пратеник во Европскиот парламент. Германските медиуми потенцираат дека со години Вебер не се истакнувал особено од стотиците други европарламентарци , така што го бие глас безличен конзервативен апаратчик.

Дали конечно се остварува Брегзитот?

По долги и мачни преговори , кои многу го надминаа предвидениот рок , ЕУ и Британија синоќа конечно го усогласија нацрт – договорот за Брегзит.

Дали тоа значи дека по 872 дена од референдумот на кој Британците со слабо мнозинство од 52 проценти се изјаснија за излез од ЕУ , ќе излезат од Унијата? Денешните анализи велат дека тешко ќе биде изводливо Британија да излезе од Унијата без оглед од завршените преговори. Премиерката Тереза Меј ќе мора со овој договор да го убеди и Парламентот и сопствената Влада за да и дозволи потпишување на договорот.

Владата на Меј е длабоко поделене по прашањето за Брегзит , така што премиерката ќе има тешка задача да им го смени ставот на проевропејските министри.

Доколку не и успее , ќе мора да почне нови преговори , а во најлош случај да поднесе оставка.  Доколку и успее да ги убеди своите министри , допрва во декември ја очекува вонредната седница на Советот на ЕУ , каде премиерите и претседателите на сите 28 земји членки ќе треба да се согласат на текстот на договорот.

Ако и тоа помине , тогаш текстот ќе треба да се усвои парламентот на ЕУ и во Британскиот парламент. Бидејќи главниот преговарач за Брегзит со ЕУ, мајкл барние , тесно соработуваше со сите 27 земји , ваквата одлука на Советот би се сметала за формалност.

Но , битката претстои во британскиот Парламент , каде борјот на заговорниците на Брегзит е далеку помал.

Патот до Унгарија на Груевски- Преку див премин кај Крива Паланка или со приватен авион?

Се уште е енигма како Никола Груевски без пасош успеал да стигне во Унгарија.

Во отсуство на официјални информации во јавноста веќе се шират разни шпелукации за начинот на кој експремиерот побегнал.

Според едно, за упатените помалку веројатно сценарио, Груевски побегнал со приватен авион... Канал 5 по трагата на оваа информација, дојде до сознанија дека единствено од скопскиот и охридскиот аеродром може да се реализира меѓународен лет, ваква легална можност од спортските аеродроми нема..

Во критичните денови, од 7 ноември кога јавноста последно го виде Груевски, до 9 ноември во петокот кога беше објавена одлуката на Кривичен, надлежните регистрирале 4 приватни летови – сите од Петровец..

Првиот лет, на 7 ноември бил кон Ѓер во Унгарија, во 9 часот и 16 минути, со авионот од типот Сааб 340..

Вториот, во петокот бил кон Жилина во Словачка, во 10 часот и 10 минути со авион од типот Пилатус РС12..

Подоцна во петокот во 12 и 13 часот имало и два приватни летови кон Италија..

Сценарито за бегство со авион е малку веројатно со оглед на фактот дека иако станува збор за приватни летови, сите патници и екипажот мора да поминат пасошка и царинска контрола, а надлежните лесно може да проверат кој и со која цел летал...

Второто и поверојатно сценарио што кружи во јавноста е бегство по копнен пат, на некој од нелегалните премини уште наречени и зелени премини, за што се спомнева и министерто Спасовски..

Тонско спасовски??

Јавноста најчесто споменувана рута за која се шпекулира е преку див премин во близина на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Бугарија во близина на Крива Паланка. Од таму според ова сценарио Груевски преку Врање, Белград и Нови Сад стигнал до див премин на српско-унгарската граница.

Доколку овие информации се потврдат тогаш ќе се отвори прашањето кој се му помогнал на експремиерот и каква е улогата на властите во Србија и Унгарија.

За тоа кој е виновен што Груевски побегна од вчера одговорноста си ја префрлаат полицијата судот и СЈО, а експертите велат дека појасно ќе може да се лоцира откако ќе се дознае вистина за начинот на кој експремиерто стигнал во Унгарија.

Спасовски во синоќешната Само вистина го повика обвинителството да спроведе истрага за да се дознае како и на кој начин експремиерот избегал во Будимпешта и дали некој за тоа му помогнал. Од обвинителството засега нема информација дали отвориле случај.

Димитров: Груевски успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава

Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, напиша министерот Никола Димитров. 

,,Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција. Помислата дека авторитaрен владетел, кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта.

Да не го заборавиме и податокот дека, како поранешен премиер, тој исто така користеше и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, коешто ги прави наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност целосно лажни, се вели во пишаната изјава на Димитров, околу последните случувања поврзани со екс-премиерот Никола Груевски. 

притисни ентер