Трагедија во Тексас – Четири деца загина во пожар

Четири деца загина во пожар во куќа во местото Лубок во Тексас.

Спасувачките екипи биле повикани во среда навечер за помош во запалена куќа во западниот дел на гратчето Лубок .

Противпожарната екипа почнале со акцијата за спасување на четири малолетни деца, кои биле во запалената куќа , но не успеале да спасат ниедно од нив.

Најстарото дете имало седум , а најмалото една година.

Истрагата е во тек , а локалните власти не излегоа со соопштение или детализ а пожарот . нејасно е дали децата биле само во куќата и дали во пожарот биле повредени и родителите.

Орбан: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини

По дводневен молк, доцна попладнево се огласи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во соопштение за медиумите тој вели дека екс премиерот Груевски е во Будимпешта и дека се работи на наговото барање за азил.. Јован Ѓорговски е пред унгарската амбасада во Скопје.

Ново е дека Груевски има привилегиран третман од унгарските власти, со оглед дека тој не се наоѓа во Центарот за азиланти, како што предвидува процедурата.

Италијанскиот вицепремиер сепак пречека десетици мигранти

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на италијанската влада,  Матео Салвини денеска пречека 51 бегалец и азилант .

Салвини дочека 51 мигрант и баратели на азил , кои стигнаа во Италија , откако биле затворени во Либија , а потоа со авион на Високиот комесеријат на ОН , беа префрлени во Рим.

Салвини во базата во близина на Рим , Практика ди маре, дочека мажи , жени и деца кои пристигнаа со летот од Нигер. Салвини мораше да попушти пред барањето на Обединетите нации , иако во јанвоста е познат неговиот цврст став кон мионгрантите и заложбата за нивно враќање во земјите од каде што дошле.

Викендов во Рим се одржаа и протести против владиниот план за неприфаќање мигранти и за нивно враќање назад.

Дали конечно се остварува Брегзитот?

По долги и мачни преговори , кои многу го надминаа предвидениот рок , ЕУ и Британија синоќа конечно го усогласија нацрт – договорот за Брегзит.

Дали тоа значи дека по 872 дена од референдумот на кој Британците со слабо мнозинство од 52 проценти се изјаснија за излез од ЕУ , ќе излезат од Унијата? Денешните анализи велат дека тешко ќе биде изводливо Британија да излезе од Унијата без оглед од завршените преговори. Премиерката Тереза Меј ќе мора со овој договор да го убеди и Парламентот и сопствената Влада за да и дозволи потпишување на договорот.

Владата на Меј е длабоко поделене по прашањето за Брегзит , така што премиерката ќе има тешка задача да им го смени ставот на проевропејските министри.

Доколку не и успее , ќе мора да почне нови преговори , а во најлош случај да поднесе оставка.  Доколку и успее да ги убеди своите министри , допрва во декември ја очекува вонредната седница на Советот на ЕУ , каде премиерите и претседателите на сите 28 земји членки ќе треба да се согласат на текстот на договорот.

Ако и тоа помине , тогаш текстот ќе треба да се усвои парламентот на ЕУ и во Британскиот парламент. Бидејќи главниот преговарач за Брегзит со ЕУ, мајкл барние , тесно соработуваше со сите 27 земји , ваквата одлука на Советот би се сметала за формалност.

Но , битката претстои во британскиот Парламент , каде борјот на заговорниците на Брегзит е далеку помал.

притисни ентер