Кочо Анѓушев во „Само вистина“

Со воведувањето прогресивен данок ќе имаме поправедно општество.

 Не станува збор за некои големи даночни измени, туку за мали измени во даночните реформи кои треба да одат во прилог да се направи поправедно општество, рече вицепремиерот Анѓушев. Со 25 милиони евра не можете да направите чуда во Македонија. Но вие сте го направиле првиот чекор и ќе одредите малку повеќе пари за образованието, градинките, здравството, додаде вицепремиерот.

Тој негираше дека имал кавга со министерот Тевдовски. Имаме еден неформален формат кои се вика Економски совет. На тој состанок ние дебатириме, и некогаш има различни мислења. Но, тоа е далеку од кавга и недоразбирање. На крај се договараме конечно. Во Македонија од ситници се прават големи работи, рече Анѓушев. Во однос на реконструкција на Владата никој освен премиерот нема право да разговара, изјави Анѓушев.

По информациите кои ги демантираше ЕДС дека зеле пари од УЈП за ФЕНИ, Анѓушев изјави дека станува збор за класични лажни вести, тие кои ги продуцираат нив треба да се запрашаат од какви побуди го прават тоа. Ме радува фактот што ФЕНИ е пример за успешно завршен стечај не само во Македонија туку пошироко и во регионот, а вработените денеска работат и земаат плата над 500 евра, сите доверители или најголемиот дел од нив се исплатени.Ги охрабрувам сите кои ценат дека имаат валидни докази да ги приложат,ако не го направат тоа а сега гледаме дека се извинуваат, ќе преземеме соодветни тужби, рече Анѓушев. За ветувањето за 15 % поврат на ддв, за економските политики на Владата, за уставните измени ,случувањата во најголемата опозициска партија и има ли и со кого анимозитет вицепремиерот за економски прашања Анѓушев, но и други актуелни теми погледнете го најновото издание на „Само Вистина“

Орбан: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини

По дводневен молк, доцна попладнево се огласи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во соопштение за медиумите тој вели дека екс премиерот Груевски е во Будимпешта и дека се работи на наговото барање за азил.. Јован Ѓорговски е пред унгарската амбасада во Скопје.

Ново е дека Груевски има привилегиран третман од унгарските власти, со оглед дека тој не се наоѓа во Центарот за азиланти, како што предвидува процедурата.

Италијанскиот вицепремиер сепак пречека десетици мигранти

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на италијанската влада,  Матео Салвини денеска пречека 51 бегалец и азилант .

Салвини дочека 51 мигрант и баратели на азил , кои стигнаа во Италија , откако биле затворени во Либија , а потоа со авион на Високиот комесеријат на ОН , беа префрлени во Рим.

Салвини во базата во близина на Рим , Практика ди маре, дочека мажи , жени и деца кои пристигнаа со летот од Нигер. Салвини мораше да попушти пред барањето на Обединетите нации , иако во јанвоста е познат неговиот цврст став кон мионгрантите и заложбата за нивно враќање во земјите од каде што дошле.

Викендов во Рим се одржаа и протести против владиниот план за неприфаќање мигранти и за нивно враќање назад.

Дали конечно се остварува Брегзитот?

По долги и мачни преговори , кои многу го надминаа предвидениот рок , ЕУ и Британија синоќа конечно го усогласија нацрт – договорот за Брегзит.

Дали тоа значи дека по 872 дена од референдумот на кој Британците со слабо мнозинство од 52 проценти се изјаснија за излез од ЕУ , ќе излезат од Унијата? Денешните анализи велат дека тешко ќе биде изводливо Британија да излезе од Унијата без оглед од завршените преговори. Премиерката Тереза Меј ќе мора со овој договор да го убеди и Парламентот и сопствената Влада за да и дозволи потпишување на договорот.

Владата на Меј е длабоко поделене по прашањето за Брегзит , така што премиерката ќе има тешка задача да им го смени ставот на проевропејските министри.

Доколку не и успее , ќе мора да почне нови преговори , а во најлош случај да поднесе оставка.  Доколку и успее да ги убеди своите министри , допрва во декември ја очекува вонредната седница на Советот на ЕУ , каде премиерите и претседателите на сите 28 земји членки ќе треба да се согласат на текстот на договорот.

Ако и тоа помине , тогаш текстот ќе треба да се усвои парламентот на ЕУ и во Британскиот парламент. Бидејќи главниот преговарач за Брегзит со ЕУ, мајкл барние , тесно соработуваше со сите 27 земји , ваквата одлука на Советот би се сметала за формалност.

Но , битката претстои во британскиот Парламент , каде борјот на заговорниците на Брегзит е далеку помал.

притисни ентер