Видео игра урива рекорди – за три дена остварила профит од 725 милиони долари

Red Dead Redemption 2 урива рекорди во продажбата . за само две недели од појавувањето на пазарот , се продадени 17 милиони примероци.

За само три дена Red Dead Redemption 2 остварил профит од 725 милиони долари , но не е откриен и точниот број на продадени примероци за PS4 i Xbox One уредите.  Најновата инфорамција од издавачот Take-Two е дека за две недели продале 17 милиони примероци од оваа видео игра.

Станува збор за бројка на примероци на играта Red Dead Redemption 2пратена во продавниците , но не и од купените примероци , кој секако е голем со оглед на интересот.

На PC играчите им останува само да се надеваат оваа пшопуларна иград а се најде и на достапен формат , што секако дополнително би ја зголемило продажбата на Red Dead Redemption 2.

БМВ има нов хибрид кој е идеален за низ град

Баварскиот произведувач БМВ го претстави  „X2 xDrive25e“ плаг ин хибридот.

БМВ уште во септември го електрифицираше „X1“, а сега ист третман доби и кросоверот „Х2“. Срцето на хибридниот погонски систем е сочинето од троцилиндарски 1.5 литарски турбо- бензин мотор со 125 коњски сили кој прача сила на предна осовина со помош на 6 брзинскиот автоматски менувач.

На бензинскиот мотор му помага електромотор со 95 коњски сили, кој е на задните тркала, со што е овозможен погон на двете осовини кога автомобилот работи во хибриден режим. Вкупната комбинирана сила на хибридниот систем изнесува 220 коњски сили.

Доколку за возење се користи само електрична енергија, ова БМВ се движи со заден погон. Благодарение на литиум- јонската батерија од 10 киловат часа, автомобилот може да прејде и до 56 километри на струја, пред таа да се испразни, а тогаш се вклучува бензинскиот мотор.

Овој автомобил може да забрза од 0 до 100 км/ч за 6,8 секунди, додека максималната брзина е 195 км/ч. Кога се вози само на струја, максималната брзина која овој автомобил може да ја постигне е 135 км/ч.

Фото: Нејмар до уши вљубен во преубавата Русинка Катерина!!

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е заљубен до уши! Британскиот „Сан“ тврди дека асот на ПСЖ збудалел по убавата и атрактивна Русинка Катерина Сафарова.

Нејмар и Катерина се „пријатели“ на социјалните мрежи на кои имаат и неколку заеднички фотки.

Убавата Русинка воопшто не крие дека ги следи мечевите на клубот на Нејмар,  Пари Сен Жермен.

Тие двајца сепак не потврдуваат дека се во врска иако „Сан“ се пофали и уверува дека Нејмар и Катерина веќе некое време се во врска.  

Памела Андерсон по петти пат го изговори судбинското „да“, новиот сопруг има мистериозно минато

Една од најпознатите светски русокоси, поранешната зајачица на Плејбој Памела Андерсон синоќа го изненади светот и по петти пат го изговори судбинското „да“ .

 Но, јавноста е изненадена од нејзиниот избор. Новиот маж на Памела крие скандалозно минато.

52 годишната Памела стапи во брак со 74 годишниот продуцент Џон Питерс, на двајцата ова им е петтиот брак.

Според американските медиуми Памела и Џон прв пат биле во врска уште пред 30 години и оттогаш продуцентот наводно бил вљубен во популарната актерка. Тие двајца пред неколку месеци ја обновиле врската која сега ја крунисале со брак.  

Сега медиумите ја потсетуваат јавноста на шокантни детали од минатото на Питерс.

Продуцентот познат по хит филмовите,: Флешденс, Див див запад, Бетмен, Ѕвездата е родена, наводно е еден од првите холивудски ѕвезди кој бил пред судот поради обвинение за злоставување.

Според „Дејли маил“ Џон Питерс во периодот 1996 – 2008 година најмалку пет пати бил осомничен за сексуално злоставување. Една од неговите „жртви“ била неговата поранешна асистентка Шели Морита, која судски добила оштета од огромни 3 милиони долари.

Богатиот продуцент инаку многу често бил во врска и со други познати жени, некои од нив наводно се Барбара Стрејсед, Кетрин Зета Џонс, супермоделот Вендала Кирсбо....

притисни ентер