Вработените во Ријанер кои спиеја на под , добија отказ (ВИДЕО)

Вработените во Ријанер , кои спиеја на под и чии фотографии беа објавени на Твитер , добија откази од компанијата.

Од комапнијата објаснуваат дека вработените не спиеле на под , туку изглумиле , се фотографирале и си заминале ,а потоа фотографиите ги објавиле на Твитер.

Авио компанијата ги отпушти сите шестмина вработени , кои се фотографирале како спијат на под на аеродромот во Малага во Шпанија , каде екипажот морал да преноќи поради временските услови.

Фотографијата е објавена на 14 октовмри , откако летовите кон португалскиот град Порто беа запрени поради бура и авионите беа пренасочени кон Малага. Меѓутоа,

Снимките на безбедносните камери , кои ги објави компанијата Ријанер покажуваат дека вработените лажеле дека спијат на под во аеродромска канцеларија.

Вработените се отпуштени на 5 ноември поради ,,кршење на договорот и лошо однесување”.

Од синдикатот нема реакција на отпуштањата , иако по објавувањето на спорната фотографија од таму реагираа на нечовечките услови во кои работат вработените во оваа авио компанија.

Медицинските сестри кои сакаат да работат во службите за патронажна дејност до 30 јуни да достават писмо за интерес до МЗ

 Министерството за здравство соопшти дека сите заинтересирани медицински сестри, кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност да се пријават до 30 јуни, со доставување писмо за интерес до Министерството.

Согласно Законот за здравствената заштита, како што се наведува, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит. Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа за која се изразува интерес според местото на живеење.

Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија" бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 30 јуни со назнака: Јавен повик за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри. Оваа мерка се спроведува со цел зајакнување на службите за патронажна дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност, стои во соопштението. 

Видео: „Жешкиот“ танц на Карди Б во скутот на свршеникот

Контроверзната раперка и пејачка Карди Б уште еднаш го покажа својот сексапил. Карди го импресионираше својот свршеник со „жежок“ танц во скут пред публика.

Американската пејачка ги воодушеви сите , посебно својот свршеник на доделувањето на БЕТ наградите.

Со танц во скут Карди облечена во секси комбинезон го заведе својот свршеник и ја подигна температурата до максимум.

Фото: Масовно капење во фонтаните во Париз

Топлотниот бран која ја погоди Франција во поедини делови од земјата ја искачи живата во термометрите и над 40 степен Целзиусов.

Граѓаните спасот од топлото време го побараа во градските фонтани.

Ладната вода во градските фонтани  послужи како идеално место за  спас од сонцето и топлото време.

Вака беше на улиците низ Париз.

притисни ентер