Како се случи две делегации на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на Конресот на ЕПП?

Официјална и неформална - како се случи две делегации од ВМРО-ДПМНЕ да се дел од Конгресот на Европските народни партии во Хелсинки.. Лидерот на партијата Мицкоски вели дека тие биле официјалната делегација.

Последниот конгрес на ЕПП ќе биде запаметен што на него учествуваа условно кажано две делегации на ВМРО-ДПМНЕ. Едната предводена од актуелното раководство, на чело со претседателот Христијан Мицкоски, доби сериозни предупредување дека процесот на ратификација на Преспанскито договор не смее да се кочи. Поранешната европратеничка од Германија и добар познавач на состојбите во Македонија и Балканот, Дорис Пак, на Твитер објави дека е „Неприфатливо  осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за Договорот со Грција и за европска иднина на земјата, да се третираат како криминалци, а ЕПП тоа не смее да го толерира!“. Мицкоски во изјава за Канал 5, кажа дека имал можност да се сретне со видни членови на ЕПП на кои, како што вели им ја кажал и другата страна на случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и државата.

Мицкоски за одговор на дилемата зошто условно кажано две делегации на ВМРО-ДПМНЕ беа поканети на конгресот не упати кај организаторот, бидејќи тие одлучувале на кој се ќе испратат покани.

Оваа официјална делегација на ВМРО-ДПМНЕ го напушти конгресот пред обраќањето на Меркел, Туск и други важни активности на европските народни парии.  Другата делегација беше индивидуално поканета, а ја сочинуваа се поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, реформаторот Петар Богојевски и пратеничката Емилија Александрова исто така имаа бројни средби со видни претставници на ЕПП. Тодоров не го крие задоволството од тоа какви пораки добиле во Хелсинки, а тоа се поткрепува со твитот на евро комесарот за проширување Јоханес Хан, во кој пишува дека им аплаудира на пратениците од опозицијата за храброста што гласаа за уставните измени, а порача дека заканите кон нив мора веднаш да престанат. За случувањата на конгресот на ЕПП во Хелсинки со второ отворено писмо до Мицкоски се јави и Сашо Мијалков.

,,Ниедно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена од сестринските партии кои се дел од Европската Народна Партија, а се надевам дека нема ни да доживее во иднина. Биди еднаш искрен и признај и пред членството и пред граѓаните, какви се тие твои заложби за конструктивност кои му ги вети на Хан ? Дали Хан лаже за твоите заложби ? Дали му кажа на Хан дека Македонија ти е пред се и дека ти ќе го спречиш договорот без разлика на цената ? Дали му кажа дека и да не успееш сега да го спречиш, доколку дојдеш на власт нема да го реализираш тоа што ќе зависи од тебе ? Нели Христијане клечеше, се крстеше и се колнеше во Македонија? Која е сега таа конструктивност која што СЕГА ти стана повредна од Македонија ?

Инаку, што се однесува за регуларните активности на конгресот на ЕПП,  Манфред Вебер од ЦСУ, е избран за водечки кандидат на Европската народна партија за европските избори во 2019. година. За него гласаше мнозинството од преку 700 делегати на конференцијата во Хелсинки.

Патот до Унгарија на Груевски- Преку див премин кај Крива Паланка или со спортски авион?

Се уште е енигма како Никола Груевски без пасош успеал да стигне во Унгарија.

Во отсуство на официјални информации во јавноста веќе се шират разни шпелукации за начинот на кој експремиерот побегнал.

Според едно, за упатените помалку веројатно сценарио, Груевски побегнал со приватен авион... Канал 5 по трагата на оваа информација, дојде до сознанија дека единствено од скопскиот и охридскиот аеродром може да се реализира меѓународен лет, ваква легална можност од спортските аеродроми нема..

Во критичните денови, од 7 ноември кога јавноста последно го виде Груевски, до 9 ноември во петокот кога беше објавена одлуката на Кривичен, надлежните регистрирале 4 приватни летови – сите од Петровец..

Првиот лет, на 7 ноември бил кон Ѓер во Унгарија, во 9 часот и 16 минути, со авионот од типот Сааб 340..

Вториот, во петокот бил кон Жилина во Словачка, во 10 часот и 10 минути со авион од типот Пилатус РС12..

Подоцна во петокот во 12 и 13 часот имало и два приватни летови кон Италија..

Сценарито за бегство со авион е малку веројатно со оглед на фактот дека иако станува збор за приватни летови, сите патници и екипажот мора да поминат пасошка и царинска контрола, а надлежните лесно може да проверат кој и со која цел летал...

Второто и поверојатно сценарио што кружи во јавноста е бегство по копнен пат, на некој од нелегалните премини уште наречени и зелени премини, за што се спомнева и министерто Спасовски..

Тонско спасовски??

Јавноста најчесто споменувана рута за која се шпекулира е преку див премин во близина на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Бугарија во близина на Крива Паланка. Од таму според ова сценарио Груевски преку Врање, Белград и Нови Сад стигнал до див премин на српско-унгарската граница.

Доколку овие информации се потврдат тогаш ќе се отвори прашањето кој се му помогнал на експремиерот и каква е улогата на властите во Србија и Унгарија.

За тоа кој е виновен што Груевски побегна од вчера одговорноста си ја префрлаат полицијата судот и СЈО, а експертите велат дека појасно ќе може да се лоцира откако ќе се дознае вистина за начинот на кој експремиерто стигнал во Унгарија.

Спасовски во синоќешната Само вистина го повика обвинителството да спроведе истрага за да се дознае како и на кој начин експремиерот избегал во Будимпешта и дали некој за тоа му помогнал. Од обвинителството засега нема информација дали отвориле случај.

Димитров: Груевски успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава

Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, напиша министерот Никола Димитров. 

,,Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција. Помислата дека авторитaрен владетел, кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта.

Да не го заборавиме и податокот дека, како поранешен премиер, тој исто така користеше и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, коешто ги прави наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност целосно лажни, се вели во пишаната изјава на Димитров, околу последните случувања поврзани со екс-премиерот Никола Груевски. 

Мицкоски: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција

Со став на Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.. Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт.

Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет.

Иако притисокот, поточно прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка, напиша Мицкоски меѓу другото на Фејсбук..

притисни ентер