69 годишен маж бара со закон да му вратат 20 години од животот (ВИДЕО)

,, Се чуствувам млад, здрав и и силен и сакам тоа со закон да ми се признае.”

Toa било барањето на пензиониран Холанѓанец , кој смета дека е дисктиминиран на пазарот на труд и на љубовен план , па решил со закон да му вратат 20 години од животот и да го прогласат дека има 49 години. холандскиот правен систем прв пат се соочува со вакво бизарно , но сериозно барање на Емил Рателбанд , кое ги зачуди судиите од судот во Арнхем , на југот на земјата.

Рателбанд барал во пасошот да му се смени датумот на раѓање и наместо на 11 февруари 1949 да се запише дека е роден 11 февруари 1969.

,, Се чувствувам млад , здрав и силен и сакам тоа со закон да ми се признае, бидејќи се чувствувам понижен , повреден и старосно дискриминиран.” , им рекол Рателбанд на судиите кој работи како личен тренер , специјализиран за развој на самосвест.

Тој рекол дека неговото барање е легитимно , исто како на оние кои бараат во пасошот да им се напише дека се припадници на трет пол.

,,Денеска можеме да избираме работа, политичка или сексуална ориентација. Имаме право и да го смениме презимето. Зошто тогаш немаме право да ја смениме старосната граница.” , ги прашал Рателбанд судиите.

Тој своето барање го поткрепил и со медицинска документација , во која докторот проценил дека телото му е физички старо на возраст од 40 до 45 години.

Судот во Арнхем одлуката треба да ја изрече во рок од четири недели.

Уште еден актер остана без домот поради пожарите во Калифорнија (фото)

Пожарите во американската сојузна држава Калифорнија, кои во последните неколку денови уништија неколку илјадници домови, од монтажни куќички до раскошни резиденции, не беа поштедени ниту домовите на некои од ѕвездите кои живеат во близина на Малибу.

После Џерард Батлер, поп пејачката Мајли Сајрус навела дека куќата во која живеела со австралискиот актер Лиам Хемсворд во целост изгорела.

Хемсворт на твитер ја сподели шокантната фотографија од нивниот некогашен дом во Малибу кој сега е претворен во пепел, од кој ништо не останало, освен зборот (love) кој се гледа на пепелта.

 

Австралискиот актер потоа напишал порака во која истакнал дека сочувствува со сите луѓе кои во беснеењето на пожарите останале без дом.

„Беше трогателно овие неколку дена. Ова остана од мојата куќа: Љубов(love). Многу луѓе во Малибу и во околните подрачја на Калифорнија исто така ги изгубија своите куќи и сочувствувам со сите кои се погодени од пожарите“ – напишал актерот.

 

Во неделата Мајли исто така на твитер напишала за пожарот кој го зафатил нејзиниот дом, изјавувајќи дека е среќна што домашните миленици се добро.

„Во  целост е уништена од огнот кој го зафати целото маало. Јас сепак имав среќа. Моите животни и љубовта на мојот живот се безбедни и тоа е она што сега е најважно“.

Масакр во Охајо- Убиено осумчлено семејство на фарма за марихуана

Тела на осум членови на исто семејство се најдени на фарма за марихуана , а за убиството се сомничат четири члена на друго семејство.

Осум лица на возраст од 16 до 44 години се најдени мртви во лертири различни куќи во округот Пике . За нивното убиство денеска се уапсени 47 годишниот Џорџ Вагнер III и неговата сопруга 48 годишната Ангела Вагнер , како и синовите , 27 годишниот Џорџ и 26 годишниот Едвард.

Тие се сомничат не само за убиство , туку и за завера, корупција , прикривање докази и попречување на правосудството. Џејк Вагнер бил дечко на една од жртвите , со која во време на убиството го делел старателстовто над нивната ќерка. Таа била најдена во кревет со нејзиното бебе старо само четири дена. Бебето преживеало , како и уште две мали деца најдени на фармата , едно од шест месеци , а другото на три годишна возраст.

Сите жртви загинале од прострелна рана , а убијците ги следеле и ги знаеле нивните навики и секојдневното движење. Една од жртвите била застрелана дури девет пати. На три од четирите места на злосторството била најдена марихуана. Мотивот не е познат , но се претпроставува дека се однесувал на старателството врз бебето .  

Убиствата се случиле во 2016 , а од тогаш семејството Вагнер негирало каква и да е поврзаност со настанот , па дури и јавно објавувале дека тие се жртви на малтеретирање од полицијата.

Бизарни чевли од човечка кожа го оставија целиот свет во шок (видео)

И кога ќе помислиме дека во модата веќе со се е експериментирано, се појавија чевли од човечка кожа.

Бизарните чевли направени од човечка кожа се дело на канадските дизајнери Роуз Далтон и Стив Реј Баскарн, кој веќе го шокираа светот со своите креации и мрачни модни ревии.

Прво чевли ги креираа во Фотошоп, па кога го увиделе потенцијаот, се одлучиле да направат еден пар од силикони.

Во светот веќе се појави паричници и каиши од човечка кожа, кои биле наменети за прибирливи клиенти.

Дури и сето ова да е провокација за јавното мислење, се чини дека е претерано.

Пар од овие чевли чини десет илјади долари и се произведуваат по нарачка.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

It's real

A post shared by Fecal Matter (@matieresfecales) on

притисни ентер