Евидентирани 337 деца питачи на улици, најмногу во Скопје и Прилеп

Вкупно 337 деца питачи се евидентирани на улица, од нив само девет  не се од ромска етничка припадност, покажува последното истражување на Канцеларијата на Народниот правобранител.

– Насекаде во Македонија има деца на улица, а бројката што ние сме ја забележале секојдневно се менува. Кога е направено нашето истражување евидентирани се 337 деца на улица. Најголем број на деца питачи има во Скопје и во Прилеп, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети одговарајќи на новинарско прашање на маргините на Конференцијата за инклузијата на Ромите по завршувањето на ромската декада.

Во однос на возраста на децата кои питачат на улица, како што рече тој, има деца од сите возрасни групи, од бебиња кои не наполниле ниту една година и деца со ненавршено полнолетство.

– Ние секогаш алармираме за ваквите лоши состојби и бараме властите да преземат не само ат хок мерки, туку системски да се решаваат проблемите. Ако не се решаваат проблемите во образованието, вработувањето, здравството и домувањето, тешко дека можеме да се справиме со сите други проблеми со кои се соочуваат сите деца на улица, но секако посебно децата од ромската заедница, вели Мемети.

Во контекст на тоа, народниот правобранител додава дека е жално што никој во нашето општество, во ниту една институција нема точни податоци во однос на децата на улица.

-Дури и мерките што ги преземаат властите се интервентни. Проблемот е посистемски и како процес треба да се решава. Ние сфаќаме дека не може се одеднаш, бидејќи процесот бара базични и многу содржајни проекти, но секако без средства тоа не може да се реализира, рече Мемети. /МИА

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер