НАСА сними ,,смајли” во вселената (ВИДЕО)

Вселенскиот телескоп ,,Хабл” на НАСА сними појава во вселената што наликува на ,,смајли” .

Од НАСА објаснуваат дека станува збор за појава поврзана со посебна поставеност на галаксиите. Така издолжената светлост што наликува на уста е светлоста на галаксиите , искривени од силни гравитациски сили.

,,Долната галаксија во облик на лак има карактеристичен облик на галаксија , но светлоста , односно приказот на галаксијата како леќа е искривена од гравитациска сила.Нејзината светлост на пат до нас минува покрај објект со голема маса која ја искривува со својата гравитација , па изгледа како насмевка.” , објаснуваат од  американската вселенска Агенција.

Преку анализирањето на светлоста , големината и брзината за формирање нови ѕвезди на фотографиите не телескопот Хабл истражувачите на НАСА сакаат да сфатат како настануваат ѕвездите во студените прашливи агли на вселената.

Жените од Шуто Оризари повторно без матичен гинеколог

Жените од Шуто Оризари повторно останаа без гинеколог. 

Вјолца Мбјара, која беше донесена од Албанија и беше најавена како трајно решение во 2017 година од тогашниот министер за здравство Арбен Таравари, сепак и покрај субвенциите кои ги добиваше од државата, по само 3 години и одлучила да ја напушти населбата и да отвори приватна ординација во друг дел од градот.

Од иницијативата на жени ромки од Шуто Оризари, велат дека голем број од жените се невработени и живеат во лоши услови, со тоа нема да можат да си дозволат да го посетуваат лекарот толку далеку од дома, воедно и дека недостатокот на гинеколог во општината ги враќа 10 години наназад и во примитивни услови.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека докторката најавила дека сака да отвори ординација на друго место и дека во моментов работат на изнаоѓање на решение на проблемот и дека жените во овој дел од градот за брзо време ќе добијат гинеколог.

Жените од оваа населба не се соочуваат прв пат со ваков проблем, кои од 2007 до 2017 година немаа ваков тип на лекар во населбата, се до моментот кога Мбјара ја зеде под концесија амбулантата.

Филипче уверува дека ќе се изнајде решение за матичен гинеколог во Шуто Оризари

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се реши проблемот и оти наскоро жените во Општина Шуто Оризари ќе добијат матичен гинеколог.

На новинарско прашање за заминувањето на гинекологот од Општина Шуто Оризари, Филипче изјави дека претпоставува оти тоа е одлука на гинекологот.

– Претпоставувам дека тоа е одлука на гинекологот. Најави пред една недела дека сака да отвори ординација на друго место. Разговараме интензивно со неколку институции дали може да обезбедиме гинеколог по системот на ротација. Доколку не може ќе обезбедиме средства за дополнителна стимулација преку програма во Министерството за здравство за таму да има еден гинеколог, изјави Филипче пред почетокот на 11. трибина за ракот на грлото на матка.

Појасни дека има голем број специјализанти кои се при крај на специјализација и најави дека ќе разговараат и со нив во следните денови.

-Верувам дека ќе најдеме решение. Овој систем на ротација кој го дозволивме со измена на законот е нешто што многу олеснува за лекарите да можат да одат во места каде недостасуваат лекари од такви специјалности. Тоа веќе почна да се спроведува во некои градови во Источна Македонија меѓу здравствените домови и болниците. На пример во Радовиш, Валандово, Струмичката болница, невролози и останати интернисти, специјалисти. Верувам дека ќе се изнајде решение. Мислам дека ова нема да биде прашање кое нема да може да се изменаџира и жените таму ќе добијат матичен гинеколог, потенцира Филипче. /МИА

Тимот на „Медена земја“ на вечера со сите номинирани за „Оскар“

Тимот на „Медена земја“ беше дел од традиционалниот ручек во театарот Долби во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на Оскарите што ќе се одржи на 9 февруари.

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, заедно со кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев се фотографираа со најдобрите од светската кинематографија Роберт Де Ниро, Ал Пачино, Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино.

Тимот на „Медена земја“ беше дел од традиционалниот ручек во театарот Долби во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на Оскарите што ќе се одржи на 9 февруари.

Котевска на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија со познати холивудски ѕвезди, меѓу кои и Леонардо Ди Каприо.„Да биде јасно. Јас не стоев до него. Тој стоеше до мене. Имам две номинации оваа година“, се пошегува Котевска за фотографиите на кои стои до Ди Каприо.

„Медена земја“ има две номинации за оскар – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер.

Кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума кои ја освоија наградата за најдобра кинематографија за документарен филм на 34 доделување на ASC (The American society of cinematographers) наградите.

притисни ентер