Илон Маск објави видео од ,,вознемирувачко долгиот” тунел под Лос Анџелес (ВИДЕО)

Илон Маск на својот Твитер профил објави снимка од моменталната состојба на изградбата на подземниот тунел под Лос Анџелес.

Милијардерот објави дека тунелот е ,,вознемирувачки долг”. Според американсктие медиуми ,с е добива впечаток дека главниот извршен директор на компанијата Боринг , која го гради тунелот не е сигурен дали градбата ќе ја исполни својата задача- да обезбеди брзо подземно патување. Маск изјави неодамна дека тунелот ќе биде готов до крајот на годинава .

Тој минал низ тунелот во саботата и своето искуство во патувањето низ 4 километри долгиот тунел го опишал како ,,вознемирувачки долг”.

Првиот дел од тунелот , што го претстави Маск во видеото долго 34 секунди , на 10 декември ќе биде отворен за пешаци и за велосипедисти.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер