Сторија на Канал 5: Револуционерна трансплантација на коскена срж

Моменти на чекање, броење на денови и часови на Клиниката за хематологија, 6 ноември вторник на клиниката треба да пристигнат матичните клетки од Полска.

 27 годишна девојка со голема човечност се пријавила во регистарот на донори на матични клетки. Токму таа девојка може да му помогне на 22 годишното момче, пациент на оваа клиника и боледува од леукемија. Во Македонија ова ќе биде првата трансплантација од несроден донор. 

25 проценти од пациентите може да бидат спасени од нивни членови од фамилиите, додека над 70 проценти чекаат донор од друга земја. Регистарот на дарители на матични клетки  постои од 2010 година и брои 3.000 потенцијални донори. Пред две години, двајца донори од Македонија донираа матични клетки на пациенти од Бостон и од Шведска.

Од клиниката велат дека најважна е довербата да се врати кај пациентите од Македонија, дека и овде се прават успешни трансплантации, смртноста е на ниво како сите европски земји.

Годишно на оваа клиника се прават околу 40 трансплантации, оваа година до почетокот на овој месец направени се 43.

притисни ентер