Вакцинацијата против грип почнува в понеделник

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 5 ноември (понеделник) во центрите за јавно здравје низ државата.

Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, треба да платат 650 денари, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Обезбедени се вкупно 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.

Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер".

Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.

„Снежен град" на Попова Шапка во битка со топлото време

Манифестацијата „Снежен град" на Попова Шапка овие пет дена измина во битка на учесниците-ученици од основно училишта со временските услови, односно топлото време кое за некоку часа ги топеше направените снежни фигури. 

Организаторот Детски Културен Центар „Карпош" од Скопје имаше повикано 60-тина ученици на годинешната 44-та по ред манифестација „Снежен град".

-Иако сонцето го топеше снегот за неколку часа, децата беа упорни и ги правеа фигурите. Малку заврна снег, но го дуваше и ветер. Се работеше од кај 9:30 па до 12:30 секој ден. Успеавме да направиме пингвин, Снежана и седумте џуџиња, тврдина, „оган" во снегот, порта и коњ. Секако и најчестата фигура-игло, односно повеќе иглоа кои се обидоа децата да ги поврзат со тунели да влегуваат и да поминуваат поминувааат низ нив, изјави Стојан Христов, организатор на програма во ДКЦ „Карпош".

Тој потенцира дека и покрај тоа што на крајниот ден сите фигури не успеале да го издржат топлото време, целта на манифестацијата е постигната.

-Иако траеја по еден или два дена, снежни фигури имаше, а најважно беше да се прикаже креативноста кај децата како и да се навиканат на едно колективното дружење. Имавме ситуации на кои наидуваме, дел од ученциите градители да се деца на луѓе кои во детството биле дел од Снежниот град па продолжиле да другаруваат, изјави Христов.

Во попладневните часови учениците имале разни активности од забавно – рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг – понг , билијард, шах, Училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски, забава, танцување и дискотека. /МИА

Почнува Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice"

На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски" денеска и утре ќе се одржува четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice".

Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц. Утре, настапите почнуваат во 07:30 часот, а од 10 часот ќе настапат учесниците од земјава и од странство кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори.

Организатор на „Skopje on Ice" е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен. /МИА

Тинејџерка го пропатувала половина свет за да го испие првото пиво во пабот каде што се родила

Изобел Кејси, тинејџерка од Велика Британија, пропатувала 7.500 километри за да го испие своето прво пиво во пабот каде неочекувано се родила пред 18 години.

Нејзината мајка, Никол, се породила во пабот Хартфорд Мил во Витон на 14 февруари 2002 година. Семејството се преселило во Ванкувер во 2006 година, но тинејџерката се врати за да го прослави полнолетсвотот во пабот каде што се родила.

Мајката Никол, која била медицинска сестра во блиската болница Папворт, имала силни контракции додека пиела кафе во пабот со пријателите.

Кога пристигнал сопругот Нил, се јавил во болницата, но се вратил во пабот , каде што се родила Изобел, па тогаш решиле дека нивната ќерка ќе го испие своето прво пиво во тој англиски паб.

„Верувате на англиски и европски начини на едукација на младите луѓе во врска со пиењето. Тоа е како пиво кое е различно од лесно газираното канадско пиво “, рече Нил, кој самиот бил научник на Клиниката во Папворт.

Младата Изобел, која се надева дека ќе се запише на програма за биологија во Велика Британија следната година, вели дека е многу возбудена што се вратила на местото каде што се родила.

притисни ентер