Западно нилската треска во Србија однесе 36 животи

Во Србија до сега од последици на западно нилската треска починале 36 лица , а се регистрирани 410 заболени , соопшти денеска државниот Институт за јавно здравје.

Во текот на годинава , најголем број заболени се регистрирани во белград 212, потоа во округот на Јужна бачка 56, во Јужен Банат 53, во подунавскиот регион 18 ...

Грозницата на Западен Нил се пренесува сдо убод на заразен комарец , а прв пат е регистрирана во Србија во 2012 година.  

Од првото појавување на болеста досега се регистрирани 574 заболени , а најмалку 61 лице починало. Во земјите на ЕУ оваа болест е забележана во Грција, Италија , Унгарија , Романија и во Хрватска.

притисни ентер