ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов

Претседателот Иванов се најде под опсервација на скопските обвинители.

Проверуваат - дали има основи за кривична одговорност во неговите одлуки да не ги потпише указите за Законот за јазиците и за Договорот од Преспа, и покрај тоа што тие два пати беа изгласани во Собранието.

Од обвинителството не откриваат за кое кривично дело има сомнеж, освен дека станува збор за предистражна постапка во која ќе се проверуваат наводи од две анонимни кривични пријави.

„Постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, Основното јавно обвинителство Скопје постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите. Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“, изјавија од Скопското обвинителство.

Според членот 75 од Уставот, Претседателот е должен да ги потпише указите, доколку законите се по втор пат изгласани во Собранието, но во кој рок децидно не е предвидено.

Оваа правна празнина толкувајќи ја како право за т.н. џебно вето неколку пати е користена од претседателите, но Иванов е првиот што јавно соопшти дека нема да ги потпише двата закони – и за јазиците и за договорот со Грција, со што самиот призна дека нема намера да ја почитува уставната одредба.

Според членот 87 од Уставот, Претседателот е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.. Но клучната дилема е дали може кривично да одговора, со оглед дека ужива имунитет кој може да му го симне единствено Уставниот суд, и тоа со двотретинско мнозинство..

Според Уставот, постапка за утврдување на одговорност на претседателот или т.н. импичент, покренува Собранието со двотретинско мнозинство, а за одговорноста одлучува Уставниот суд, исто така со двотретинско мнозинство..  Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот, стои во членот 87.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Островот Лезбос ја спушта рампата за мигранти

 Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека веќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот.

Со оглед на тоа дека во кампот за мигранти во моментов престојувале четири пати повеќе лица  отколку што било предвидено.

Две официјални лица од Лезбос за странските агенции изјавиле дека моментално во кампот имало 12 илјади мигранти и дека веќе нема можност за дополнителни сместувања.

притисни ентер