Македонија на врвот на земјите каде дебелината кај децата е голема

Македонија е на врвот во групата земји каде преваленцата на дебелина е над 30 отсто.

Едно од три школски деца има вишок или е дебело.

Според СЗО лидер е Кипар, потоа Италија, Грција и Шпанија.

Македонија е втора на скалата во поглед на дебелина на девојчиња.

Потребна е промена на целиот систем од почнувајќи од физичкото образование во училиштата се до начинот на исхрана, вели Жоао Бреда директор на канцеларијата на СЗО.

Ова беа само дел од испитувањата за болестите кои се добиваат по незразни заболувања, освен дебелината, Македониците се лидери и во пушење цигари прва причина за кардиоваскуларни заболувања.

Македонија е една од земјите во Европа која според испитувањата граѓаните тешко до 2020 година ќе ја напуштаат оваа навика.

Пушењето е трета најчеста причина за болест и смрт.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер