Вакцинацијата против грип ќе почне од првата недела на ноември

 Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне да се спроведува од првата недела на ноември во центрите за јавно здравје низ државата.

Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. За останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, во тек е утврдување на износот што ќе треба да го платат, информираат од Министерството за здравство.

Обезбедени се вкупно 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.

Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер".

Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.

Тинејџерка го пропатувала половина свет за да го испие првото пиво во пабот каде што се родила

Изобел Кејси, тинејџерка од Велика Британија, пропатувала 7.500 километри за да го испие своето прво пиво во пабот каде неочекувано се родила пред 18 години.

Нејзината мајка, Никол, се породила во пабот Хартфорд Мил во Витон на 14 февруари 2002 година. Семејството се преселило во Ванкувер во 2006 година, но тинејџерката се врати за да го прослави полнолетсвотот во пабот каде што се родила.

Мајката Никол, која била медицинска сестра во блиската болница Папворт, имала силни контракции додека пиела кафе во пабот со пријателите.

Кога пристигнал сопругот Нил, се јавил во болницата, но се вратил во пабот , каде што се родила Изобел, па тогаш решиле дека нивната ќерка ќе го испие своето прво пиво во тој англиски паб.

„Верувате на англиски и европски начини на едукација на младите луѓе во врска со пиењето. Тоа е како пиво кое е различно од лесно газираното канадско пиво “, рече Нил, кој самиот бил научник на Клиниката во Папворт.

Младата Изобел, која се надева дека ќе се запише на програма за биологија во Велика Британија следната година, вели дека е многу возбудена што се вратила на местото каде што се родила.

Австралијанец влегол дома и видел три метри долг питон како му ја демне мачката (ВИДЕО)

Австралијанец од Бризбејн се изненадил кога пристигнал дома и си ја видел мачката ,нападната од три метри долг питон.

Тој и викнал на мачката да влезе внатре и ја тресна лизгачката врата, а змијата дошла до прозорецот и останала таму 30 минути обидувајќи се да влезе внатре.

„Австралија“, коментираше еден корисник на YouTube за снимката. „Многу ми е мило што мачето е внатре и безбедно“, „Мразам змии“, „Дај ми го мачето“, се некои од реакциите под снимката што се појави на Вирал Хог.

ТАРТ КОЛАЧИ ВО ФОРМА НА СРЦЕ

Рецепт на Кристина Ангеловска Димовска.

Потребни состојки:  250 гр. брашно тип 400, 1 јајце, 100 гр. шеќер, 120 гр. путер, ½ лажичка  пециво, ½ лажичка ванила, малку црвена прехранбена боја и ванила крем по потреба.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се додаваат: шеќер, пециво, ванила и омекнат путер.

Се замесува тесто, се додава 1 јајце и се продолжува со месењето.

Доколку има потреба се додава малку млеко.

Откако ќе се добие хомогена смеса се става во стреч фолија, а потоа во фрижидер да отстои околу 30 минути.

Тестото се дели на два дела, едниот останува бел а другиот е обоен црвен со прехранбена боја.

Од белото тесто се расукува кора со дебелина од 5 мм. до 1 см.

Од кората со помош на калап се добиваат „срциња“.

Истата постапка се повторува и со тестото со црвена боја.

Колачите се редат на плех со хартија за печење и се печат во загреана рерна околу 15 минути на 150 степени.

Откако колачите ќе се испечат и изладат се филуваат со ванила крем.

притисни ентер