Костадинов: Додека бил советник на Груевски, Мицкоски од Владата добил земјиште за хидроцентрала

СДСМ денеска презентираше документи, кои според партијата, говорат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додека му бил советник на поранешниот премиер Никола Груевски од Владата добил земјиште од 33 илјади метри квадратни.

СДСМ денеска презентираше документи, кои според партијата, говорат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додека му бил советник на поранешниот премиер Никола Груевски од Владата добил земјиште од 33 илјади метри квадратни за изградба на хидроцентрала во катастарската општина Пехчево и оти за тоа имало и одлука објавена во Службен весник.

– На 1 декември 2015 година, во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски, по пат на непосредна спогодба, од Владата на истиот тој Никола Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, во Катастарската општина Пехчево. Земјиштето, сопственост на Република Македонија, од Владата на Груевски е доделено на конзорциумот во кој што е и фирмата каде сопственик е Мицкоски, „Енерготек ДОО Скопје". Ова е класичен судир на интереси. Во тоа време, декември 2015 година Христијан Мицкоски му бил советник на тогашниот премиер на Владата, Никола Груевски, и тоа за енергетика. Ова се шемите на антизападниот пион Мицкоски и неговиот ментор, Никола Груевски, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

За овој, како што вели, класичен судир на интереси, кога е доделено земјиштето во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски за енергетика, очекува надлежните институции да реагираат.

-Антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера призна дека Мицкоски експресно добивал бизниси од Владата на Груевски, но, лажно тврдеше дека тоа не било во времето додека му бил советник. Фатени во уште една лага, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, заглавено во сопствената изолација, денеска треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа, рече Костадивов..

Тој додаде дека мотивите поради кои, како што рече, антизападниот пион Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот ментор Груевски излегуваат на површина и притоа ги повикува преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики туку да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер