Распишан конкурс за наградата „Петре Прличко"

Општина Велес објави  конкурс за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко", информира на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.

На конкурсот е назначено дека  предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Република Македонија.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Македонија.  Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација. На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.

Крајниот рок за доставување на предлози е 2 ноември 2018 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар" бр.1, лично или по пошта.

Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

Наградата е востановена во 2006 година  од Здружението на драмски уметници „Џинот", Народниот театар „Јордан Х.К.-Џинот" од Велес и Општина Велес

Прв добитник на наградата во 2006 година  беше актерот Благоја Спиркоски-Џумерко, а потоа и Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов Дац, Александар Ѓорѓиев, Милица Стојанова и Кирил Гравчев во 2016 година.

Лани во 2017,  не беше распишан конкурс и наградата не беше доделена

Во чест на годинашниот добитник на наградата „Петре Прличко" на 10 ноември  на сцената на Велешкиот театар ќе одигра претстава и ќе биде врачена наградата./МИА

Поранешниот словенечки премиер навредувал новинарки на твитер, сега мора да плати 6.000 евра

Лидерот на Словенечката демократска партија и поранешен словенечки премиер, Јанез Јанша казнет е со 6.000 евра поради навреда на новинарки на Радиотелевизија Словенија (РТВ).

Во пресудата изречена после повторно судење во Велење, со која судот ја потврдил својата првобитна одлука, наредено му е на Јанша да ги плати и трошоците за судењето во висина од 513 евра, јавува агенцијата „СТА“.

Во пораката која на Твитер ја објавил во 2016 година, Јанша новинарката на РТВ, Евгенија Карл и уредничката Мојца Пашек Сетинц ги нарекол “испрани проститутки чии евтини услуги ги нудат на Фејсбук страница на јавна куќа“.

Новинарките поднеле посебни тужби против Јанша, а судот во Велење пресудил во нивна корист.

Јанша се жалел на двете судски одлуки, при што Вишиот суд во Целје застанал на негова страна и наложил повторно судење во случајот на Евгенија Карл, но ја потврдил првостепената пресуда во случајот на Пашек Сетинц.

Два земјотреси денеска во Индонезија

Два силни земјотреси, со јачина од 6,6 степени, ја потресоа денеска Индонезија, односно островот Сумбава, област јужно од градот Раба.

Нема објавено предупредување за цунами.

За сега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Вториот земјотрес, со јачина од 6,6 степени, регистриран е на 230 километри јужно од Раба, во источниот дел на островот.

Претходно регистриран беше и земјотрес од шест степени, пренесе Ројтерс.

Русија подготвува санкции против ЕУ

Кремљ и се закани дека ќе одговори на санкциите наметнати од ЕУ, објавија руските медиуми.

Претходно денеска , ЕУ воведе санкции за случајот Скрипал. 

Санкциите влијаеле врз двајцата осомничени за труење на Сергеј и Јулија Скрипал, како и на шефот на ГРУ и неговиот заменик.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на советот на ЕУ е ”непријателска “. 

Канцеларијата истакна дека Москва го задржува правото да одговори.

Руски и сириски државјани се првите кои се погодени од санкциите според новата рамка, иако двете страни ги уништија спорните средства под контрола на организацијата за забрана на хемиско оружје за разлика од сад, појаснува министерството.

притисни ентер