Пожар во стан во скопската населба „Пролет“

Пожар избувнал претпладнето во стан на улицата „Никола Карев“ во скопската населба „Пролет“. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Боки 13 денеска повторно дава исказ во обвинителството

Бојан Јовановски, Боки 13 денеска  во обвинителството повторно дава исказ во врска со кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“.

Пред Основното јавно обвинителство е Михајло Видимлиски.

Целиот извештај погледнете го видеото.

Николовски: Заев во очај од претстојниот пораз пласира лажни вести

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај!

Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа.

Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш - дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство, напиша на својот профил на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

„Само Вистина“ вечерва со Радмила Шекеринска

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе гостува Радмила Шекеринска.

Почитувани гледачи, црвени, жолти, зелени и сини, се „ситни“ и последната седмица од предизборието, влегува ли кампањата во политичка „хистерија“ или во „пајтонизам“?

Колкава е „длабочината“ а колкава „ширината“ на македонските политичари и која е „црвената“ линија за да се седне на Илинденска, вечерва во Само Вистина ќе гостува Радмила Шекеринска од СДСМ носител на листа во петтата изборна единица.

Обновата започна пред три години кога падна "режимот" или ќе започне со „федерализација“ на државата?

Летечки циркуз или „мнозинско“ малцинство, на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, кому ДУИ му „продава“ перфидна политика?

Дебата за промена на знаме, химна и грб, 91-ва или 2001-ва кога Македонија стана независна држава?

Шекеринска ја потсети опозицијата да не заборави дека Македонија годинава ги отвара првите поглавја од преговорите со ЕУ, но има ли одговор кога ќе бидат затворени?

Парите железни врати отвораат и затвораат, уште колку корона-удари може да издржи нашата економија?

Враќање во „национализам“ или во „романтизам“, или но кој има „храброст“ да ја зборува вистината пред граѓаните, вечерва во Само Вистина со Радмила Шекеринска, каде ако не, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер