Разрешени Јанчев и Богданов, побарано исклучување за Мијалков и Тодоров

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го дочека Денот на македонската револуционерна борба во атмосфера на внатрешни поделби и чистки.

Во пресрет на 23-октомври, Централниот комитет донесе одлука да ги разреши од пратиските функции, потпретседателот Митко Јанчев, реформистот и член на ИК, Костадин Богданов, а постапка за искчучување од партијата да поведе за екс-министерот за здравство Тодоров и поранешниот шеф на УБК, Мијалков.

Причините за ваквите разрешувања се поради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на опозициски пратеници за да гласаат за уставните измени, тврдат од партијата.

Довчерашниот претседател и градоначалник на Кавадарци, Јанчев ги демантира дека на било кој начин влијаел врз пратениците. Во телефонска изјава за Канал 5 вели оти очекува јавно извинување од Николоски за ваквите лажни обвинувања. Неговото разрешување, како што вели, е само поради различните ставови со партсикиот лидер.

Разликите во ставовите со првиот човек на партијата го чинеа исклучување од пратиските органи и реформистот Богданов. Во разговор за Канал 5 вели дека разликите најмногу биле изразени во последните неколку месеци кога се актуелизирал Договорот од Преспа и дека со Мицкоски имаат спротивставени визии околу тоа по кој пат треба да се движи и развива партијата.

По синоќешната одлука на Централен за исклучување од партиските тела, се огласи е екс-минситерот за здравство Тодоров.

„Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти - ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам“, наведува Тодоров.

Почесниот претседател на партијата, Груевски, останува во ВМРО-ДПМНЕ. За него, како што рече Николоски, засега нема сознанија дека работел спротивно на интересите на партијата.

Ова не се први разрешувања во најголемата опозициска партија. Пред десетина денови еден од најгласните реформисти Петар Богојевски беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ а од синоќа е и целосно исклучен и од членство во партијата.

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

 Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција.

- Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески.

Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име на оркестарот, изрази задоволство од соработката.

- Ова ќе биде балканска и македонска премиера. Сметам дека многу одговорно пристапуваме кон нашата задача, да го исполниме „Македонисимо“ најдобро што можеме, бидејќи ние како Македонци, сметам дека нашите ора, би можеле да ги изведеме најубаво, бидејќи најубаво и ги чувствуваме. А всушност тоа е музиката, чувствата да ги пренесеме кон публиката, подвлече Спасовска.

Композиторот Панде Шахов нагласи дека проектот е симболичен, бидејќи дава шанса на исклучително талентирани музичари да свират заедно, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.

На средбата беше кажано дека концертите се на стартот од првото издание на Скопје Интернационалниот музички фестивал.

Притоа, беше нагласено дека по распродадениот прв концерт, закажан за 1 април, закажан е втор концерт на 31 март.

Костадиновска-Стојчевска на средба со Јоли: Соработката со Албанија дава резултати

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли, со кој разговараа за соработката помеѓу Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проекти.

„Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија дополнително ги зајакнуваме со прекуграничната соработка, како најдобар европски модел за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Префектот на округот Корча, Нерти Јоли на средбата рече преку сериозна и темелна соработка на двете држави, важни проекти и иницијативи се реализирани во културата, инфраструктурата и туризмот, изразувајќи интерес за партнерство во идните проекти.

Костадиновска-Стојчевска и Јоли се согласија дека Пустец е посебен за двете држави и дека со унапредување на соработката не само во областа на културата ќе може да се направи многу повеќе за граѓаните од двете страни на границата.

Министерката потенцирање дека успешно реализираната иницијатива „Денови на македонската култура во Корча“ во која учество зеде и Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и Министерството за култура има големи придобивки во контекст на унапредувањето на културната соработка меѓу двете држави и изрази уверување дека оваа манифестација, со поддршка на округот Корча ќе стане традиционална, бидејќи е убава можност за промоција на македонската култура и истата ги негува релациите со Македонците во Корча.

На средбата беше истакната и петнаесетгодишната соработката помеѓу битолскиот универзитет со албанскиот универзитет Фан С. Ноли, како и за поддршката за промоција и афирмација на македонскиот јазик во Албанија, за што министерката Костадиновска –Стојчевска изрази верување дека иницијативата за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча ќе има уште поголем од младите и идни студенти, соопшти Министерството за култура.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

притисни ентер