Кривична пријава за Неделковски поради „Facebook“ закани кон Заев

Новинарот Миленко Неделковски доби кривична пријава за загрозување на сигурноста и за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Неговите објави биле насочени кон премиерот Зоран Заев.

Пријавата на МВР доаѓа откако синоќа го приведе во полициска станица а со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против М.Н. (61) од Скопје, поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМ, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурност“ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на РМ.

Неделковски преку колумна денеска се огласи за синоќешните случувања и постапувањето на полицијата. Во истата ги објави и како што вели доказите за заканите кон Заев.

Ете тоа беа двата КРИМИНАЛИ за кои беа потребни 13 службени лица на МВР, превоз со 4 полициски возила и потрошени 7-8 часа. Во време на сеопшта кражба од луѓето околу Заев, во времето на цунами задолжувањето од оваа ѓомити “влада“, во времето на нерешени убијства, во времето на претепани деца по автобуси, во времето на ослободени дилери на дрога, убијци и насилници – полицијата ете ова го работеше вчера.

Експертот за нови медиуми Бојан Кордалов вели дека пред законот сите се еднакви, но објавите на социјалните мрежи кои доаѓаат од јавни личности можат да предизвикаат поголеми реакции во јавноста.

Пред неколку дена Обвинителството покрена обвинение за Неделковски за неговите фејсбук објави во врска со пожарите во јули годинава во Грција. Според ЈО промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност.

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

притисни ентер